
Мајки, дружете се: поддршката од пријателите е значајна за вашето, но и за здравјето на бебето
Новите истражувања покажуваат дека поддршката од околината која мајката ја има, има значајно влијание на нејзиното, но и на здравјето на бебето.
На сите ни е јасно дека поддршката од околината е важна за сите нови родители. Да имате поддршка од луѓето кои ве сакаат е голема работа и може да направи огромна разлика во нашето ментално здравје. Мајчинството е прекрасно, но понекогаш ни е потребно да имаме некој покрај себе кој не разбира.
Новата студија покажа дека да се има круг на пријатели кои поминале низ слични ситуации и со кои можеме да се поврземе, не е добро единствено за мајката, туку и за бебето и неговиот мозок.
Истражувањата открија дека кога мајката има поддршка од пријателите, нејзиното дете има подобри резултати на когнитивните тестови. Мајките рекоа дека во просек имаат три или четири личности на кои навистина можат да им се обратат за помош. Кога мајката има малку луѓе на кои може да се потпре, детето има полош успех. Со повеќе пријатели, децата се поуспешни. Кога мајката има поддршка, бебето е подобро. Тоа е факт.
Постои уште еден факт – Новите мајки можат да бидат многу осамени. Особено е тешко ако не живеете во ист град како и оние кои ви пружаат поддршка.
Доколку немате три или четири личности во ваша близина на кои можете да се потпрете, не очајувајте – можете да ги пронајдете.
Издвојуваме неколку начини преку кои можете да изградите друштвени односи доколку се чувствувате осамено:
1.Придружете се на група
Ова може да биде тешко доколу генерално сте интровертни, но придружувањето во група за мајката е одличен начин да сретне луѓе кои се во слична животна ситуација со кои има многу заедничко.
2.Бидете онлајн
Многу фејсбук групи можат да бидат идеално место за мајките да створат пријателски односи со луѓе од своето опкружување и да добијат дополнителна поддршка. Постојат и многубројни мобилни апликации кои можат да помогнат.
3.Пронајдете нешто свое
Пронајдете нешто што ќе правите во исто време секоја седмица. Само вашето редовно присуство на некои активности може да ве поврзе со луѓето. Можеби нема да добиете нечиј мобилен број уште првиот ден, но во текот на неколку недели можете да створите врски со луѓето кои ќе ви пружат поддршка.
Можеби се тоа часовите по пливање. Можеби е тоа шетањето со бебето во количка секогаш во исто време. Можеби едноставно да отидете на игралиште секогаш во исто време. Со тек на време сигурно ќе стекнете пријатели.