
Мајки кои градат лажна сигурност – Во што грешите и како треба да ги воспитувате вашите деца?!
Постои распостранета предрасуда дека секоја мајка го сака своето дете и дека мајчинската љубов претставува биолошко својство на секоја жена која станала мајка. Но, психолошкото мајчинство не е исто со биолошкото. Основа за здрава психолошка состојба на детете се топлина, разбирање и грижа, кои што мајката може да му ги подари на детето и пред неговото раѓање. Многу е важно да знаете дека, како детето ќе ја доживува мајката, во иднина истото ќе гради таков однос со околината. Затоа, жена која успеала пред своето дете да создаде одлична слика за себе како мајка, тоа ќе остави долготраен траг.
Грижата, одговорноста за детето почнуваат уште во текот на бременоста, а раѓањето на детето во најголем дел од случаевите претставува и најголема радост и огромна одговорност. Мајката мора да го создаде своето дете во здрава, одговорна, слободна, критична и креативна личност.
Една од основните функции на мајката е осамостојување на детето. Полека но сигурно, мајката треба да работи на тоа целосно да го осамостoи своето дете пред животните предизвици, задачи, потешкотии и да го научи своето дете да знае како да се носи со одговорноста на своите постапки. Постојат мајки кои на своите деца постојано им даваат исти и веќе спремни одговори, дури и кога ќе пораснат и кога за нивните проблеми постојат други или нови решенија. Жени кои се потиснати, повлечени, запоставени во секоја смисла на зборот, према своите деца развиваат авторитативен став. Се однесуваат како постојано да се над нив, како да имаат право заземајќи надмоќен став. Во основа, ваквите родители се смета дека имаат страв од нешто, не веруваат во себе и своите способности. Токму ваквите мајки градат лажна сигурност пред своето дете.
Мудрите мајки на своите деца им ги отвораат вратите кон околината. Им овозможуваат контакти со нивни врсници и постари лица.
Мајките кои ги врзуваат децата за себе и не дозволуваат детето да изгради поинаков животен стил од нивниот, не ги исполнуваат правата за мајчинска љубов, туку себичност. Мајките се плашат нивното дете да не погреши бидејќи сметаат дека тие се непогрешливи и мора се да знаат. Но драги мајки грешите, треба да го оставите вашето дете да погреши бидејќи тоа е единствениот начин и да научи.
Затоа не дозволувајте да бидете една од нив!