Мајки по направен царски рез: 4 работи кои не сакаат да ги слушнат
Мајки по направен царски рез: 4 работи кои не сакаат да ги слушнат
По направениот царски рез, многу мајки чувствуваат вина, но и блиските често и поставуват прашања кои што не сакаат да ги слушнат.
Laura Lifshitz е мајка но и жена која имала царски рез, а поради своето искуство со околинара напишала како мајките се чувствуваат во таа ситуација и што не сакаат да слушнат.
“Имав царски рез, по свој избор. По четири часа породување бебето се заглави. Земав одмор и продолжив понатаму. Пет часа подоцна? Бебето сеуште не е излезено. Па така завршив на царски рез. Се чувствував многу чудно додека лежев”, напишала Laura на почетокот.
Потоа опишала колку и било тешко и кои коментари од нејзината околина најмногу ја допреле. Овие неколку работи, како жена која поминала низ царски рез, вели дека би сакала, никогаш да не ги слушне.
“Барем твојата вагина е недопрена”
Веројатно тоа е награда за голема операција. Немав природно породување, но затоа мојата вагина е добра. Реченица која ја слушнав “Барем вагината не ти е во лоша состојба”, само за вагината и нејзините чувства.
“Можеше да имаш природно породување”
Секако, сигурно одреден број на жени можеле да имаат природно породување а сите сме свесни колку е голем порастот од царски рез, но јас не сум имала избор бидејќи природното породување би можело да му наштети на моето дете. Понекогаш, макар не толку често колку што се чини, царскиот рез е нужен. Би сакала да издржам и да излезе бебето преку природен процес, но не успеав, после голем труд и притискања. Да се нашалам, мојата голема награда е убава вагина.
“Сега можеш да имаш природно породување”
Погрешно. Не е вистина. Не може секоја жена по царски рез да оди на природно породување, но постојат и жени кои успеале во тоа. Немојте да ни говорите што би требало да правиме, освен ако тоа не го кажува гинекологот.
“Се породи по полесен пат”
Многу духовито. Голема операција не е едноставен пат. Кога некој ви ги вади органите од вашето тело не е лесно. После тоа одите како да сте старица од 80 години. Повеќе би сакала да имам вагинално породување и да го почувствувам како моето дете излегува, отколку да го осетам сето тоа што го осетив. Би било убаво, но не се ми се случи на мене. Знаете што? Се е во ред. Моето дете е овде и добро е (се подразбира и јас сум добро).