ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Мајките раскажуваат!
    Мајките раскажуваат!

    Мајките раскажуваат!

    Постои еден момент во мојот живот, необичен избор на спомен од првото пораѓање, но толку јак, што во последно време ме прогонува како дух…бара со перо да биде сочуван.
    Како оние спомени кои би ги бутнала под тепих и би сакала да ги заборавам, но и оние кои секогаш од некој мрачен агол ќе се искачат на некое прекрасно чувство, само за да не ги наречам совршени.
    Го паметам првиот пат до операциона сала. Од моментот кога ми ја кинат пижамата и кога од горе го гледам своето тело и бебето во огромен стомак кој сака да излезе, но природата и конституцијата во тоа ме спречуваат.
    Најмногу од се на светот сум сакала моето бебе да пристигне на овој свет по природен пат. Оној момент кога дознав дека тоа ќе се случи, поточно дека ќе дадеме шанса за природно породување и дека ќе пробам да се помрднат границите на моите карлични коски од оние кои самите се предодредиле, секоја пора од моето постоење беше преплавено од страв. Се пораѓав цел ден и на крај завршив на операционен стол.
    Од тој момент бев во паника која не ме напушти се до моментот на исцрпеност од повеќечасовните болки, конечно легнав на стол и добив анастезија. Се разлеа низ телото како брз отров низ моите нозе и го смири целото исцрпено тело кое се грчеше.
    Ми помогнаа да станам од количката, посакувајќи ми ја целата среќа на овој свет и ја затворија вратата.
    Стоев од страна и гледав од една врата во друго, која ми се чинеше милји оддалечена. Чекорев полека, колку ми дозволуваа болките, по мрачен ходник до влезот во операционата сала. Го убедував мозокот кој успеа да ми направи простор за срам од луѓето кои брзаа да се припремат за да ме решат од маката.
    Потоа повторно болка која бе погаѓа како стрела и ми го стега бубрегот и стомакот и така ме држи цела минута, најдолга во мојот живот. Тогаш го заборавам целиот срам поради поради недостоинствената поза во која се наоѓам. Две минути болка, една срам.
    Како во некој филм, сцена која е напната и успорена а во ушите имаш силни оттчукувања на срцето помешани со звукот на длабоко дишење. А околу мене темница. Мозокот ми зборува и вели дека веројатно се поиграл со мене и дека тој пат од операциониот блог па се до влезот во салата никако не можеше да биде мрачен. Но, така го запамтив. Единствно така можев да го вметнав во сеѓавање. Не броев чекори. Ми се чинеа безброј. Како кога трчиш во сон а некоја невидлива сила те влече да не се побегнеш. Трчаш напред а никако да стигнеш.
    Велат дека треба да се заборави се што е грозно, кога првиот пат ќе го погледнеш и ќе помирисаш своето чедо. Да, тоа има моќ да целата мака аја обезвредни и да го поттисне заборавот.
    Но јас, не заборавив се. Дозволив умот да се поигра со чувствата и да ги памтам во мрак.
    Но вредеше. Тој пат повеќе не ми е битен. Битно е дека секој ден на свет се носат по стотина деца и затоа ова треба да е подлежно на заборав.
    Така е…сега си тука, напишан. Можеме да го изгаснеме светлото. Потполно да исчезнеш.