• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Mаки со попладневното спиење: Како да му помогнете на детето да заспие
Mаки со попладневното спиење: Како да му помогнете на детето да заспие

Mаки со попладневното спиење: Како да му помогнете на детето да заспие

“Моето дете не сака да спие!” Како би ви ја олесниле оваа родителска мака, издвоивме за вас неколку корисни совети.

Сонот е многу важен за здравото и правилно растење, па една од задачите на родителите е на детето да му обезбедат доволен број на часови одмор. Меѓутоа голем број од малечките не ужива многу во дремката (додека постојат толку интересни работи) и права мака е да се успијат преку ден.

Како да му помогнете на детето да заспие?

Како би му ја олесниле оваа задача и како би воспоставиле рутина, треба на детето да му обезбедите одредени услови за заспивање. Еве неколку важни чекори кои ќе ви помогнат полесно да го заспиете малечкото:

1.Обезбедете амбиент кој одговара

Затемнето, тивко и пријатно опкружување може да допринесе за тоа бебето полесно да заспие.

2.Ставете го бебето во креветче кога е поспано, но сеуште будно

Кога ќе забележите дека на вашето бебе му се спие најдобро е веднаш да го ставите на спиење. Што повеќе чекате ризикувате бебето да стане нервозно и подоцна потешко да заспие.

3.Избегнувајте да го лулкате, држите и храните бебето пред спиење

Можеби ова е единствениот начин вашето бебе да заспие, но ако има тенденција да заспива во вашите раце после доењето, направете нешто по тој повод, како што е промена на пелените или читањето на кратки приказни.

4.Бидете внимателни

Оставете го бебето да спие на грб и одстранете ги од креветот ќебињата и другите предмети.

5.Бидете доследни

Вашето бебе ќе воспостави дневна рутина само ако го успивате во исто време. Нормално, повремените исклучоци се неизбежни и нема да му наштетат на бебето.