• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Мали сигнали кои ви ги испраќа вашето бебе
Мали сигнали кои ви ги испраќа вашето бебе

Мали сигнали кои ви ги испраќа вашето бебе

Бебето почнува да комуницира со вас уште од раѓање, значи, пред да почне да зборува – а се што вие треба да направите, е да научите да ги толкувате неговите гестови и говорот на телото.

Секоја мајка се труди да ги задоволи потребите на бебето, но често се случува да не ја разбере пораката која бебето ја испраќа. Знаете и самите како изгледа тоа: бебето плаче, вие проверувате дали треба да се смени пелената, му нудите да јаде и пие, го носите во прегратка… а тоа не престанува да плаче. Во тие ситуации би сакале да проговори и да ви каже што сака, ама и сами знаете дека тоа не е можно.

Првиот разбирлив збор вашето бебе најверојатно нема да го изговори до првата година од животот и затоа не можете да се надевате на вербална комуникација која ќе ви помогне да разберете се што бебето мисли и чувствува. За среќа бебето може да комуницира на многу други начини – со движења, звуци, изразот на лицето, па дури и со солзите.

Морате да научите да ги толкувате неговите знаци, а ние ви даваме неколку совети кои помагаат во комуницирање со бебето.

1.Секогаш одговорете

Секогаш одговорете на говорот на телото на вашето дете, па дури и ако не го разбирате што сака да ви каже. Ако некое ваше движење резултира со тоа детето да се смири и опушти, тоа е знак дека сте постапиле правилно.

2.Покажете му слика

Вашиот проект додека на бебето му покажувате разни фотографии од книга кога му читате приказна, го оддржуваат неговото внимание и интерес за она што го читате, олеснувајќи му да сфати дека и движењата на телото имаат удел во комуникацијата.

3.Отпејте му песна

Песните кои вклучуваат некоја работа, како таа тапши, тапши, та на на, за детето претставуваат живописно искуство. Тоа на тој начин доживува позитивно искуство кое го исполнува со радост, ја зголемува неговата свест и го тера и самото да почне да плеска со рачињата.

4.Јасно кажете го својот став

На пример, ако вашето бебе одбива да јаде и луто ги фрла играчките, дајте му до знаење дека таквото однесување не е прифатливо. Секако, ако е детето помало и вашиот став ќе биде понежен. За сосема мало дете, доволно е со висок тон да изговорите – не, не, и тоа секој пат кога не се однесува примерно.

5.Лицето нека ви биде насмеано

Секој пат кога му се обраќате на детето, потрудете се вашето лице да биде насмеано. Секој пат кога ќе му се обратите на детето, изразот на вашето лице нека биде во склад со тоа што го зборувате. На тој начин, иако детето не ги разбира зборовите, сепак ќе разбере што сакате да му кажете. Избегнувајте ги неутралните изрази на лицето, тие на бебето ништо не му кажуваат.

6.Галете го бебето што почесто

Психолошката блискост е еден од основните начини на своето бебе да му покажете колку го сакате. И без изговорени зборови вашето бебе точно ќе знае што значи галењето, бакнежите, прегратката и останатите “тикови” со кои мајките се служат да ја покажат својата неизмерна љубов на своите мали, нежни, недолжни битиа.

7.Играјте криенка

Со дланките сокријте го лицето пред детето, а потоа наеднаш отворете ги, покажувајќи му го на детето својот насмеан лик. Знаете веќе тоа е стара добра игра во која децата обично многу се смеат и радуваат.

8.Со свои зборови опишете ги чувствата на бебето

Ако се труди да дофати нешто што се наоѓа надвор од неговиот дофат, тоа не успева и разочарано плаче, покажете му дека разбирате што чувствува и поради што плаче. Кажете му на бебето: пиле на мајка, не можеш да го дофатиш мечето? Ништо, мама е тука ќе ти помогне да го решиш проблемот. Бебето ќе престане да плаче, среќно и задоволно што сте го разбрале и решиле неговиот проблем.

9.Развивајте ја трпеливоста кај бебето

Невербална (па и вербална) комуникација бара од вашето дете да биде стрпливо додека како слушател, пробува да преведе што сакате да му кажете. Но, трпеливоста е квалитет кој бебињата го избегнуваат, па потребно е да најдете некои трикови за да го смирите детето и да го натерате да биде трпеливо, и да почека да му одговорите на некои барања.

10.Доведете му различна публика

Вашето дете треба да почувствува како делува на другите луѓе, а не само на вас. Ќе му користи невербална комуникација со останатите членови на семејството, со вујкото, тетката, бабата или дедото. Побарајте од детето на вујкото да му ја покаже својата нова играчка, да му се насмее или да и даде бакнеж на бабата.