• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Масирање на бебето
Масирање на бебето

Масирање на бебето

Здравствените служби сметаат дека масажата го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува развојот на мускулите и го стимулира растот на бебето. Има смирувачки ефект кај повеќето бебиња, а воедно е и можност да се развие поголема поврзаност меѓу мајката и бебето.

Рацете на мајката се единствените потребни инструменти. Тријте нежно, со благи, галовни движења. Легнете го бебето на грб, врз цврста, рамна и удобна подлога. Стоплете ја собата и соблечете  го бебето, ако не се противи. Ако масирате со масло, нека биде ладно цедено, од шафран или бадем.

 – Масирајте ги нозете и стапалата на бебето. Почнете со бутчињата и стигнете до прстињата на нозете. Завршете со едната нога, па почнете со другата.

– Масирајте го абдоменот на бебето. Со рамна дланка и испружени прсти, галете го стомакот со кружни движења. (Масажата на абдоменот може да предизвика исфрлање гасови и урина. Пред да почнете, постелете крпа под бебето. )

 – Масирајте ги градите на бебето со рамна дланка и испружени прсти.Почнете во средината  и продолжете накај рацете.

 – Масирајте ги рацете и дланките на бебето. Почнете со рамената и стигнете до прстињата. Завршете со едната рака, па почнете со другата.

 – Масирајте го лицето на бебето. Правете мали кругови со палците, а потоа галете го со врвовите на другите прсти.

 – Свртете го бебето на стомак и масирајте го грбот. Почнете со триење на рамената и продожете надолу по двете страни на грбот. Одбегнувајте го р’бетот.

– Завршете со масажата. Свртете го бебето на грб и лесно минувајте со прстите нагоре и надолу по целото тело. Ова е сигнал за бебето дека масажата завршила. Дури и да немате време за сите чекори, препорачливо е секогаш да го направите ова за крај.