Машко здравје: 8 совети како да ја сочувате плодноста
Машко здравје: 8 совети како да ја сочувате плодноста
Лошиот начин на живот претставува голема опасност за сперматозоидите. Сочувајте ги на време и нема да имате потреба да се грижите за својата плодност.
1. Без стрес
Доколку постојано сте под стрес или не спиете доволно, тоа може да се одрази на работата на надбубрежните жлезди, кое влијае на приозводството на сперматозоиди. Одвојте време за опуштање, попладневна дремка или пак дружење со пријателите.
2. Долен веш
Комотен долен веш или пак повремено шетање по куќата без веш може да помогне во производството на сперма.
3. Обидете се со билки
Билките како рузмарин, зелен чај или куркума потпомагаат во производството на сперматозоиди.
4. Престанете да пушите
Пушењето може да предизвика оксидативен стрес и да ја оштети вашата сперма
5. Земајте амино киселини
Аминокиселините се блокови од протеини, кои се многу важни за здрава сперма. L –arginin и L-karnitin се користат за лечење на машкиот стерилитет.
6. Јадете ореви и семки
Бадеми, бразилски ореви и ореви се полни со селен, синк и бакар кој потпомага во правењето на сперматозоиди. Во студија во часописот Journal Biology of Reproduction, презентирале дека мажите кои каделе 2.5 грама ореви дневно ја имаат поправено виталноста, морфологијата и подвижноста на спермата.
7. Вежбајте во теретана
Вежбањето го зголемува нивото на тестостерон и помага во производството на сперма. Бидете претпазливи, бидејќи прекумерното вежбање и тренирање може да ги исцрпи витамините и добрите хормони.
8. Исфрлете ја брзата исхрана
Постојаниот внес на брза, мрсна, преработена храна во организмот, може да влијае на плодноста. Морате да внесувате квалитетна храна со што вашиот организам би функционирал беспрекорно. Брзата храна заменете ја со овошје и зеленчук.