Маслиново масло во исхраната на бебињата
Маслиново масло во каша
Најсличната маснотијата што се наоѓа во мајчинотo млеко е од маслиновото масло. Новороденчето од првиот ден на животот е навикнато на внесување на олеински масни киселини преку мајчиното млеко. Најдобро е да се користи екстра девствено, ладно цедено маслиново масло.
Освен олеинска, маслиново масло содржи линолна и алфа-линолна киселина (есенцијални масни киселини), кои мора да бидат внесени преку храна, кои се неопходни за правилен раст, развојот на мозокот, видот, здравјето на кожата и зачувувањето на другите телесни функции.
Една кашичка од маслиново масло содржи ист број на есенцијални, линолни масни киселини како 100ml мајчино млеко.
Екстра девственото, ладно цедено маслиново масло е извор на витамин Е, бета каротен, полифенол и антиоксиданс. Освен тоа, мастите во исхраната се важни за да може да се искористат сите витамини и минерали од зеленчук.
Како и кога даваме маслиново масло?
Со воведување на цврста храна се започнува помеѓу четири навршени, до наполнети 6 месеци. Кога се започнува со внесување на зеленчук, почнува да се додава и маслиново масло. Подоцна се додава и во месото, рибата, јајцата и изнутрици. Неколку капки маслиново масло (до една кафена лажичка) додадете кога оброкот е веќе е готов.
Додатокот на маслиново масло обезбедува извор на корисни масти, а истовремено помага при апсорпција на витамини кои се мешаат со мастите – А, Д, Е и К. Овие витамини не можат да бидат соодветно апсорбирани без маснотии.
Внесувањето на адекватни масти во најраното детство е клучот за борба против дебелината, здрав организам, без проблеми со холестерол, срцеви, кожни заболувања и добар имунитет во понатамошниот живот. Денес болестите како што се проблеми со срцето, дијабетисот и дебелината се педијатриски болести, бидејќи се смета дека имаат корен уште од првите години од животот.