• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Мазете ги колку што е можно повеќе и пејте им
Мазете ги колку што е можно повеќе и пејте им

Мазете ги колку што е можно повеќе и пејте им

Многу родители претеруваат во мазење и галење на новородените бебиња, додека некои стравуваат дека ќе ги размазат, па се воздржуваат од излив на нежност и топлина.

 

Експертите велат дека таквиот страв е неоснован, бидејќи бебињата токму во првите денови на раѓање бараат блискост со околината. Допирот и контактот со нив ги прават среќни, а педијатарите потсетуваат дека дури и ги успокојува отчукувањето на срцето на мајката кога ќе ги навалат на градите затоа што го слушале додека биле во стомакот.

 

Совет е што повеќе да го мазите и галите своето бебе, бидејќи во првите денови и месеци ништо не е премногу.

 

Експертите препорачуваат и да им пеете додека менувате пелени, ги храните, успивате. Препознатливата мелодија им дава чувство на сигурност и ги весели, а пеењето им помага на родителите да го намалат стресот поради недостаток на спиење и обврски.