Ме спаси силната желба да станам мајка- Животната приказна на Ема
Мајката со име Ема, одлучи да ги поттикне сите жени кои имаат силна желба да станат мајки со тоа што ќе им ја сподели својата неверојатно борба за да дојде до свое родено бебе.
“Сакам да ја споделам со вас мојата животна приказна и да ги охрабрам сите девојки и жени, кои можеби пробуваат да останат бремени . Не се откажувајте, главата напред, бидејќи само силна желба, како што беше во мојот случај ќе ви помогне да успеете во остварување на вашата желба”
Прва бременост, втора, трета… Се омажив на 19 години и сопругот и јас едвај чекавме да имаме дете. Нашиот сон се оствари во април, само 4 месеци после нашата свадба. На мојата среќа и немаше крај, но нашата радост кратко траеше.Во шестата недела од бременоста го доживеав првиот спонтан абортус. Плодот не се развиваше, веројатно така господ сакал… Тага, голема тага…
Не сакав да ги чекам тие фамозни 6 месеци, после само два месеци останав повторно трудна. Бев пресреќна, но сепак за кратко. Во 10та недела овој пат срцето на бебето престана да чука…”Зашто баш мене”?!.. се прашував постојано. “Се случува”.. беше се што имаа да ми кажат.
Следниот пат чекав шест месеци. Но кога повторно останав бремена, не се радував толку многу, едноставно не смеев. Не сакав никому да кажам додека не поминат тие три месеци. После се беше во ред, нашето мало бебе напредуваше. Во 16та недела ме прашаа дали сакам да знам кој пол е бебето, но јас сепак одбрав тоа да биде изненадување. Кога бев во 20та недела од бременоста, сестра ми ми купи количка за бебето, баш таа која ја сакав и гледав уште во претходните бремености. Следниот преглед, докторката ми рече, “одиме драга, овде нешто не ми изгледа добро..”
И овој пат не заврши ништо како што планирав.. срцето на моето бебе повторно престана да чука.. Она што ме чекаше со оваа бременоста, нема да продолжам да ја раскажувам. Не е добро ниту за мене ниту за вас кои читате да го помислите, ниту да го доживеете. Повторно тага и само тага…
Сите беа околу мене за подршка, но и мојот брак после се почна да се распаѓа, дури и два месеци живеевме одвоено, но мојот маж повторно се врати, повторно да ме трпи, само тој…
Нова бременост…
Поминаа три години од последниот пат, паметам бевме вратени од одмор кога направив тест кој беше позитивен. Бев и пресреќна но и преплашена. Лекарите веднаш ме пратија на боледување и паталошка бременост за да овој пат се следи секој чекор и да одмарам во целост.
После 3 месеци ми се јавија од работа дека сум добила отказ, нашиот работодавач несакал бремени жени.. каква иронија! Но тоа ни е менталитетот и државата. Реков дека нема да дозволам ништо да го уништи она кое е најголема желба во животот да се остварам како мајка. Иако многу ни значеше платата која ја зимав, рековме дека ќе успееме и ќе се снајдеме. Докторите ми рекоа.. ајде да успееме да издржиш до 32 недела..
Но ја успеав и стигнав и до 9ти месец. Родив девојче тешко 3.кг и 600 грама долга 52 сантиментри. Конечно на свет дојде мојата убавица, мојот живот за кој се трудев сите изминати години.
Неизмерна среќа и радост. Секој ден, саат, минута, се сакаме и се пазиме се повеќе и повеќе.
Затоа, драги мои мајки, не губете надеж, верувајте, помислете дека постои некој на кој му е потешко и полошо. Немојте да се откажувате, бидете сигурно во себе. Кога посакувате нешто толку силно, верувајте ќе се случи. Мојата малечка и јас ви испраќаме бакнежи и ви посакуваме вашиот пат да биде многу поедноставен и полесен од нашиот!