Медицината нема граници! Родено е првото девојче во Бразил со помош на пресадување на матка од донор!
По пресадување на матка од починат донор, во Бразил е родено првото бебе – објави научното списание “Лансет”.
До сега биле направени 39 пресадувања на матка од живи донатори, со што биле родени 11 бебиња, но ова е прв успешен случај каде е роденo живо бебе од мртов починат донор. Вакви обиди се правеле и во Турција, Чешка и САД.
Ваквиот третман и пристап со починати донатори дава голема шанса за жените кои страдаат со неплодност да станат мајки.
Во Бразил, Сао Паоло во декември 2017 година, со царски рез е родено првото женско дете, тешко 2,5 килограми од 32 годишна жена која била родена без матка, но со помош на овој метод таа родила здраво дете.
Со цел да се спречи тешкиот имунолошки третман, матката по пораѓајот била извадена.
Девојчето е во одлична здравствена состојба и се развива сосема нормално, пишуваат од “Лансет”.