Менување на градите и зачестеност на подоите
Идеално би било бебето да биде еднакво долго на секоја града – но секое бебе и секој подој различно ги црпат ресурсите. Траењето на подојот се менува во зависнот од повеќе фактори, меѓу кои спаѓаат скоковите во развојот, зачестеноста на подоите и филозофијата на доење што ја негувате. Сепак земете ги предвид следниве упатства.
Експерстски совет: Ако немате доволно млеко, обидете се да ги зачестите подоите. Колку повеќе се стимулираат градите, толку повеќе млеко ќе произведуваат. Разговарајте со педијатарот пред да почнете дохрана со адаптирано млеко.
1. Секој подој почнете го со градата со која минатиот пат последна сте доеле. За да се потсетите, ставајте спојувалка или безопасна на таа страна од градникот или запишувајте си во тефтерче. Со ова ќе се израмни лачењето на млеко на двете гради, бидејќи повеќето бебиња повеќе време цицаат на првата отколку на втората града.
2. На бебето допуштете му најмалку 10-15 минути на првата града. Ова ќе го исцрпи поголемиот дел од млекото – како предмлекото, така и зрелото млеко. Оставете го бебето да цица додека само не се одвои.
3. Тапкајте го бебето додека не подригне.
4. Понудете му ја втората града на бебето и оставете го да цица колку сака.
5. Тапкајте го бебето додека не подригне.
6. По потреба сменете пелена.
7. Забележете си со која града последна сте доеле.
Совет: Понекогаш, новороденчињата заспиваат во текот на доењето од првата града или веднаш по него. За да го разбудите и продолжите со подојот, сменете ја пелената или погалете го бебето по нозете или по грбот.