Мерење на исхраната на бебето, седми до дванаесетти месец
Во текот на периодот од седмиот до дванаесеттиот месец, бебето ќе почне редовно да бара храна. Иако исхраната на бебето главно ќе се состои од млеко (природно или адаптирано), почнете да додавате разна цврста храна: кашички од овошје, зеленчук, потоа разни мали залчиња, па месо и други протеини.
Околу седмиот месец, мајката веќе треба да има чувство колку храна му треба на бебето. Ако сте загрижени за внесот на храна, обрнете внимание на следниве три мерила.
-Пораст на телесната тежина: Тежината на бебето расте приближно 15г дневно. Тоа е знак дека бебето функционира во ред и добро се храни.
-Физички знаци: Досега, физичките знаци кај бебето – плач, ставање работи во уста, обиди да си ги “јаде” рацете-ќе ви станат познати и очигледни. Воедно, бебето може да сака храна во исто време кога јадете и вие (иако ќе бара и дополнителни ужини меѓу оброците).
-Пелени: Со понатамошното воведување на цврстата храна, изметот на бебето ќе се згусне и по боја ќе биде сличен на храната. Валканите пелени и понатаму се добар показател дека процесот на внесување храна се одвива во ред.
Експерстки совет : Генерално, бебето треба да внесува 175-235 мл млеко, 4-6 пати дневно, покрај другата цврста храна.