ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Мерење на температурата кај бебето со ректален термометар
    Мерење на температурата кај бебето со ректален термометар

    Мерење на температурата кај бебето со ректален термометар

    На бебето му ја мериме температурата со употреба на ректален термометар.

    Потребен ви е термометар дизајниран за ректална употреба и малку лубрикант.

    Термометарот исчистете го со алкохол или со топла вода и сапун. Ставете малку лубрикант на врвот од термометарот. Бебето можете да го поставите во лежечка позиција на стомак во вашиот скут. Со една рака придржувајте го бебето, а со другата нежно ставете го термометарот во бебешкото газе. Упатството за термометарот кој го употребувате треба да содржи податоци колку длабоко треба да го ставите термометарот. Во упатството пишува и колку долго треба да го држите термометарот како би добиле точно отчитување.

    Кај повозрасните бебиња вообичаена е положбата во која менувате пелени. Бебето ставете го да лежи на грб и фатете му ги нозете како кога менувате пелени. Нозете држете ги со едната рака, а со другата пополека ставете го термометарот.

    Доколку на бебето треба да му измерите температура после капење, почекајте барем 20 минути како би добиле што поточно отчитување.