
Мила Србиноска – Чудо од дете!
Мила Србиноска има само 7 години и е II-2 одделение во основното училиште 11-ти Октомври. Неверојатен талент за хипхоп играње. Таа е дел од студиото Brejkaleg, каде го усовршува својот талент и со кои заедно освојуваат многубројни награди како на балканот така и на Европско ниво!
Прочитајте, што ова “чудо од дете” , сподели со нас!
-
Мила, колку години си дел од Brejk a leg и зошто баш Brejkaleg?
– Мојата мајка ме однесе кај Трајче и Андријана во Break a leg на мои 2, 5 години затоа што многу сакав да играм. Но Трајче ме врати бидејќи сум била многу мала и на мајка ми и кажа да ме донесе за една година. На 3,5 години повторно ме однесе и почнав да вежбам. Мајка ми го одбра Бреак а лег затоа што со Трајче се другари од деца
.
-
Зошто хипохоп?
– Бидејќи најмногу ми се допаѓа хип хопот, многу е фраерски. Потекнувам од спортско семејство по мама, по тато сум музикална. Дел од тоа ми е пренесено и наследено во вистинско време на вистинско место.
-
Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
– Кога ќе пораснам сакам да сум хипхопоерка, сакам да бидам како мојот тренер Бени.
-
Дефинитивно се издвојуваш од останатите деца, на што се должи тоа?
– Многу сакам да играм, цело време слушам хип хоп музика и играм, редовно одам на тренинзи. Со одличен тим, упорност и труд се случуваат успеси и разултати.
-
Колку време посветуваш на она што го правиш одлично – играњето?
Јас иsграм секогаш и секаде. На тренинзи одам понеделник, среда и петок, а кога имам натпревари и секој ден имам тренинзи. Секоја сабота одам на гимнастика со моите другарчиња од Бреак а лег.
-
Колку награди имаш добиено до сега, кои и дали би можела да одвоиш една како посебна?
– Не ги памтам сите награди, имам многу дипломи и медали, освоени први и втори места во категорија соло и во категорија формација. Најзначајна ми е европското 1 во место, кога станав европски шампион во категорија соло мини деца 2017 година.
-
Која е твоја најголема подршка и што би сакала да и кажеш во знак на благодарност?
-
– Мамо, фала што ме носиш секој ден на тренинг.