ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Мирисот на бебето врз мајките делува како стимуланс
    Мирисот на бебето врз мајките делува како стимуланс

    Мирисот на бебето врз мајките делува како стимуланс

    Мирисот на бебето во првите неколку месеци по раѓањето им помага на мајките да се соочуваат со стравот и грижите. Ова беше утврдено од страна на јапонски експерти од Универзитетот во Нагасаки, врз основа на експериментот во кој бил тестиран мирисот на 38 жени.

    Испитаниците со покриени очи ја мирисале облеката што ја носеле бебињата и онаа во која ја носеле мажи, а половина од нив биле мајки. За тоа време, снимен им е дел од мозокот одговорен за рационално размислување. Жените кои неодамна родиле речиси сите ја препознале бебешката облека, а оние кои немаат деца биле прецизни во 60 проценти од случаите. Студијата, меѓу другото, покажа дека породувањето го менува начинот на работа на мозокот. Мирисот на бебето врз мајките делува како стимуланс, ги поттикнува да бидат одговорни, да се грижат за децата и да стравуваат за нив. Исто така, истражувањата покажуваат дека мирисот на бебето го стимулира производството на допамин, хормон кој е одговорен за љубовната еуфорија.