• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Миризлив и сочен тирамису со јагоди
Миризлив и сочен тирамису со јагоди

Миризлив и сочен тирамису со јагоди

Потребно е:

– една третина шолја мармалад од јагоди

– четвртина чаша вода

– мала лажичка оцет

– пола чаша слатка павлака

– една шолја Маскарпоне сирење

– пола чаша шеќер

– мала лажичка екстракт од ванила

– две шолји исецкани јагоди

– 24 плазма бисквити или пишкоти

Припрема

 

1.Маскарпоне сирењето, павлаката, шеќерот и ванилата ставете ги во голем сад и сите состојки добро изматете ги со електричен миксер. Потоа посебно помешајте ги јагодите, водата и оцетот Ставете го секој бисквит во оваа мешавина и држете го неколку секунди.

 

2.Бисквитите наредете ги на дното од садот за печење за да се добие првиот слој на тирамису. Намачкајте ги бисквитите со маскарпоне кремот и наредете ги исецканите јагоди. Повторете ја постапката со останатите состојки.

 

3.Тирамисуто ќе биде уште повкусно ако одстои во фрижидер најмалку 8 часа, додека бисквитите не го впијат цел сок од свежите и миризливи јагоди.