
Мит или вистина: Дали бебињата ги чувствуваат негативните луѓе?
Во присуство на негативна личност, бебињата генерално реагираат на хистеричен плач, нервоза и “чешкање” по глава, покажуваат истражувањата.
– Ако бебето одеднаш го смени расположението и смеењето премине во плач, и од тивка позиција почнува да трепери или интензивно се фаќа за косата, значи дека не му прија присуството на лицето што го држи, се обидува да си игра со него или само седи покрај него – вели Мајкл Дени, еден од истражувачите.
– Можеби е многу непријатно за родителите тоа што го гледаат, но не мора да се двоумат, и поради обзирноста да дозволуваат да им плаче бебето. Најдобро е да го земете во рацете и да отидете во друга соба, да го смирите и успиете детето. Можно е лицето на кое бебето реагираше лошо само во тој момент “зрачеше” негативно, бидејќи е под стрес или оптоварено со проблеми, па треба да му дадете уште една шанса.