Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Куркума-лек против настинки и депресија

Куркума-лек против настинки и депресија

На нашето поднебје, куркумата се почесто се користи во последниве години. Многумина сѐ уште не знаат како најдобро да ја користат, и какви се сите нејзини позитивни ефекти. Коренот од  куркума има моќен антиинфламаторen ефект.

 

Лимонада со куркума при со грип и депресија

Ниту една храна, која може да се подготви дома, не е лек и не може да го замени лекот за  посериозни болести, но многубројни студии покажаа дека лимонадата со куркума има одлични резултати во помагањето да се излечат бројни здравствени проблеми.

Овој пијалок помага кога се работи за забавување на прогресијата на малигните клетки, тој е одличен дури и кога постојат различни услови на депресија, се користи за намалување на холестеролот, но и за случаи на настинка и грип.

Покрај овие болести, лимонадата од куркума и лимон има корисен ефект кај ракот на кожата, Алцхајмеровата болест, артритисот, дијарејата, жолчното кесе и абдоминалната болка.

Куркума против депресија

Постојат многу различни лекови кои се користат за лекување на депресија. Најпознатиот лек за депресија е Прозак. Постојат несакани ефекти при конзумирање на овој лек: тешко дишење, абдоминално крварење и друго. Куркумата се покажа како одличен сојузник во третманот на депресија, што ја отвора можноста дека дозирањето на други лекови постепено ќе се намалува.

Како да се направи лимонада со куркума?

Рецептот за на ладна лимонада  за 4 лица

Состојки

4 чаши ладна вода од 2,5 дл

2 лажици свежо изрендана куркума или куркума во прав

4 лажички мед или шеќер

1 голем лимон

1 портокал или цитрон (можете да додадете, но не морате да)

Измешајте ги сите состојки додавајќи исцеден лимон и другите цитрусни овошја и поделете ја  на 4 дела. Овој пијалок има силни антивирусни, антиинфламаторни и антиоксидативни својства. Не користете топла вода или барем не додавајте лимон и мед во топла вода, бидејќи ги губат своите својства.

Оставете коментар