ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  10 ИДЕИ КАКО НА СВОЈОТ САКАН ДА МУ КАЖЕТЕ ДЕКА СТЕ БРЕМЕНИ
    10 ИДЕИ КАКО НА СВОЈОТ САКАН ДА МУ КАЖЕТЕ ДЕКА СТЕ БРЕМЕНИ

    10 ИДЕИ КАКО НА СВОЈОТ САКАН ДА МУ КАЖЕТЕ ДЕКА СТЕ БРЕМЕНИ

    Избегнете го класичното бремена сум и измислете нешто со кое и двајцата ќе се забавувате

    Кога ќе дознаете дека сте бремени, време е да го известите и вашиот партнер за среќната новост. Класичното извикување бремена сум секогаш добро поминува, но бидете малку покреативни како да ја споделите оваа вест, еве неколку интересни идеи.

    Изгравирана лажица

    Изгравирајте на лажица “очекуваме бебе” или “бремена сум.” Партнерот ќе биде изненаден, и ќе ви остане убав спомен.

    Сакаш ли да бидеш татко?

    Исто како за веридба, кога партерот ќе ве изненади  со прстен во кутија, сега можете и вие него да го запросите. Место прстен, во кутијата ставете го тестот за бременост.

    Напишете на вашиот стомак

    Ако партнерот сака да ве соблекува, искористете го тоа. Напишете на својот стомак нешто интересно, смешно, на пример “Loading 5%.

    Сокријте ја трагата во кесите од продавница

    Замолете го да ви помогне да ги распакувате продуктите. Трагата може да биде кукла, детска играчка, цуцла-било што што асоцира на бебе.

    Изненадување во шоља кафе

    На пример, на дното на неговата омилена шоља за кафе или чај отштампајте ја среќната вест.

    Симпатична честитка

    Купете честитка и пратете му ја на парнерот, но така да има оригинална, интересна  или духовита порака, својствена само за вас. Ќе ви остане и убав спомен.

    Најдобар поклон

    Изненадете го со спакуван поклон-тест за бременост, ако му се ближи роденденот, именденот, некоја годишница или некој празник. Ако сте правеле пренатален тест имате можност на своите мили личности, да им го соопштите полот на бебето како најубаво изненадување со балони.

    Сокријте ја трагата во фрижидер

    Сите мажи го отвараат фрижидерот, затоа тој е одлично место за големата вест. Така мислела и една мајка која скришно го снимила својот сопруг кој го барал своето шише со вода и место него нашол детско шише со позитивен резултат за бременост. На нејзинот сопруг му требало малку помош, но задоволството на неговото лице кога ја сфатил веста покажало дека трудот се исплател.

    Играјте со неговото хоби

    Ако вашиот партнер сака фудбал, филмови, риболов, музика, ако има некое хоби, искористете некој предмет кој има врска со неговото хоби и изненадете го со објавата.

    Кажете го тоа со книга

    Бидејќи двајцата ќе почнете да читате за родителството и ќе се припремате за тоа што ве очекува. Затоа на партнерот купете му книга за идно родителство. Со поклонот ќе го известите а тоа ќе биде поклон и за вас.