ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  5 моќни намирници за зајакнување на имунитетот на детето
    5 моќни намирници за зајакнување на имунитетот на детето

    5 моќни намирници за зајакнување на имунитетот на детето

    Постојат многу начини да го зајакнете имуниот систем на децата, а еден од нив е здравата и правилна исхрана. Сепак, освен разноликоста, постојат некои намирници кои особено можат да помогнат.

    Како што препорачува Сара Ремер, канадската нутриционистка, додавајте ги овие 5 намирници во секојдневната исхрана на своите малечки и многу брзо ќе престанете да се дружите со топломери, течење на носето и непријатната кашлица.

    Јогурт или некој друг производ кој содржи пробиотици

    Веројатно сите сте чуле за пробиотици, добри бактерии кои оддржуваат здрав дигестивен тракт. Спрема новите студии пробиотиците не само што поволно делуваат на работата на органите за варење, туку можат и да спречат заболување од настинка и грип.

    Бидејќи голем број на деца сакаат да пијат јогурт, а тој се наоѓа во сечиј фрижидер речиси секојдневно, да кажеме дека ова е добра вест за големиот број на родители.

    Јогуртот исто така е богат и со протеини  и калциум.

    Лук

    Немојте да се двоумите да ставите лук во храната која ја спремате, особено во периодот од годината кога има вируси. Белиот лук е права суперѕвезда кога е храната за зајакнување на имунитетот во прашање. Тој содржи компоненти, како што е алицин кој им помага на децата полесно да се изборат со инфекциите поттикнувајќи продукција на антитела, па на тој начин детскиот организам полесно излегува на крај со вирусите. Освен како зачин во храната децата може да го конзумираат и како додаток во салатата.

    Бадем

    Не само што е преполн со хранливи материи, протеини, влакна, калиум, здрави масти, бадемот исто така содржи и Ниацин и Рибофлавин – витамини од Б група кои го неутрализираат негативното дејство на стресот и го зајакнуваат имунитетот. Една четвртина шолја од овие вкусни грицки, содржи доволна количина од дневните потреби на вашето дете за витаминот Е, многу моќен антиоксиданс.

    Пилешка супа

    Пилешката супа помага при ублажување на симптомите на настинка и грип. Таа помага на два начина – прво со своето антивоспалително дејство така што ја поттикнува циркулацијата на неутрофилите кои учествуваат во антивоспалителниот одговор на организмот, а како второ, помага при исфрлање на насобраниот слуз од грлото.

    Сладок компир

    Слаткиот компир содржи голема количина на бета каротен кој во телото се претвора во витамин А. Витаминот А има клучна улога кога е во прашање заштитата и здравјето на кожата, а кожата е главна бариера на нашето тело против бактериите, вирусите и бацилите кои предизвикуваат различни болести.