Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

5 работи кои ќе ги научите кога бебето само ќе ја води дохраната

5 работи кои ќе ги научите кога бебето само ќе ја води дохраната

Наместо да се придржувате кон еден концепт на дохрана, подобро да бидете флексибилни во својот пристап, да ја следите интуицијата и знаците на развојот на бебето, објаснува една мајка која е педијатар.

Таа е мајка на три деца и педијатар и многу е страствена кога се во прашање децата. Напишала што се научила за дохраната на бебето одгледувајќи ги своите деца, а со раѓањето на третотот дете одлучила да го проба методот-бебето водич на дохраната.

Бебето водич на дохраната е метод кој настанал во Велика Британија. Оваа метода значи бебето само да ја зема храната која е мека и густа наместо да го хранат родителите со лажичка. Основна претпоставка е да се чека шест месеци пред бебето да почне да конзумира цврста храна, тогаш детето е спремно за мали парчиња на храна т.н. “fringerfood”, тогаш фазата со кашички може да се прескокне. Бебето може да јаде кашички со прсти или со прибор, но не да ги хранат родителите, објаснива мајката-педијатар како функционира оваа метода.

Пуштете го бебето само да јаде што сака и колку сака- Додава дека нема многу истражувања со овој концепт, но повеќето резултати се позитивни:

Го јакне чувството за самоконтрола, го зголемува изборот на семејната храна и му помага на детето да биде истражувач и понатаму во животот кога е во прашање храната. Искуството со оваа метода е различно во секое семејство, особено кај деца кои се предвремено родени или имаат проблем со моториката, па не се заинтересирани да јадат сами.

Пет работи кои ги научила мајаката-педијатар низ своето искуство со оваа метода:

  1.      Не мора строго да се следи методот “бебето водич на дохраната” за да може вашето бебе само да се научи да се храни. Бидете сигурни дека го изложувате на храна уште во рана возраст. Постојат истражувања кои покажуваат дека бебето старо шест месеци можат сами да земаат храна и да ја донесат до својата уста. Исто така знаеме дека подоцнежното запознавање со текстурата на храната може да биде поврзано со проблемите на хранење во иднина.
  2.      Кога бебето само јаде целиот процес е неуреден, но покасно ќе биде подобро. На почеток кога бебето има пет-шест месеци и почнува да јаде со прсти повеќето од храната не завршува во уста. Но кога ќе научи да гризе и ја совлада вештината на џвакање, се помалку храна завршува на подот, а се повеќе во стомачето на бебето. Кога бебето од девет месеци ќе почне да зема мали парчиња храна со прсти, хранењето веќе ќе биде уредно.
  3.      Бебињата не јадат многу храна на почеток, но важно е да ги добијат сите здрави оброци потребни за раст и развој. Поради тоа одлучете се да ги воведете кашичките. Одлучете се за белковини, храна богата со железо и цинк како месо, риба, грав и житарици. Кога вашето бебе веќе нема да има проблем со мазните кашички, преминете на оние во кои има парчиња од храна.
  4.      Уживате во удобноста да го храните детето со лажичка. Да гледате како детето само пробува да јаде е непроценето, но ако имате превише обврски во денот поедноставно ви е да го нахраните со лажичка за 10-15 минути. Хранете го детето со лажичка еднаш дневно за ручек, а тоа ќе има прилика да јаде само два , три оброци. Обрнете внимание како реагира бебето на хранењето со лажичка и престанете да го храните кога ќе ги видите првите знаци дека е сито, ако веќе почне да не го интересира околината или не обрнува внимание на лажичката и не ја отвара устата-ја врти главата на страна.
  5.      Не е потребна посебна “fringerfood” храна. Пратејќи ги формулите и читајќи ги коментарите на мајките сфаќаме дека тие бараат нешто посебно. Иако може да се најдат посебни рецепти, тоа нема да им помогне на бебињата да научат да уживаат во смејната исхрана. Ако бебето пробало само спанаќ со јајца, како може да ги препознае вкусовите? Авокадо, брокула варена на пара, банана, меко овошје и печен зеленчук се само некои од примерите за едноставна храна која е добра за бебињата, а веќе ја имате дома.

Секое дете е посебно.

На крај мама-педијатар објаснила која е најважната лекција која ја научила во текот на растењето на своите деца.

“Не  постои еден пристап кој функционира за секој. Некои бебиња напредуваат на лажичка, други на “fringerfood”, а за некои е добра комбинација. Затоа, наместо да подржувате еден начин на хранење, подобро е да бидете флексибилни во својот пристап и да ја следите интуицијата и знаците од развојот на бебето.

Така се ќе дојде на свое место.

 

Оставете коментар