Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

5 родителски грешки кои можат да го зголемат ризикот од давење на децата во базените

5 родителски грешки кои можат да го зголемат ризикот од давење на децата во базените

Пливањето е еден од најздравите спортови, меѓутоа постојат грешки кои можат да го загрозат детскиот живот. Погледнете што би требало да избегнувате како би спречиле несакани последици.

И додека часовите по пливање можат да ги спасат детските животи, постојат одредени вештини кои во зависност од годините децата би требало да ги научат.

Сју Меки, извршниот директор на Американското здружение на пливачи ги советува родителите да ги следат следниве упатства како не би ги довеле своите малечки во потенцијална опасност на базените.

Не бидете ноншалантни при влезот во вода

Пред детето да влезе во базен, родителите би требало да го припремат, а тоа подразбира носење на пелени за пливање, костим за капење, како и да го намачкаат со заштитна крема.

“Со креирањето на рутини на базен децата ќе научат дека во базенот не можат да влезат во било кој момент, а тоа може да ги намали шансите вашето дете само да оди до базенот, без ваше знаење, истакнува Меки.

Не дозволувајте му на детето да одредува кога ќе влезе во базен

“Децата обожуваат да се брчкаат во базен, меѓутоа, тоа не значи дека во водата можат да го поминат целиот ден. Пред одењето на базен поставете граница и цврсто држете се до тоа вое да одлучувате кога и колку ќе бидат во вода. На тој начин децата ќе научат да бараат дозвола за скокање во базенот, што на многу им е омилено, но е и опасна активност.

Никогаш не користете прслуци за спасување или мускули

Иако прслуците за спасување се направени како би ги заштитиле децата од давење и воглавно се предвидени за носење на отворени водни површини, како што се море или езеро. Тие можат да се лизнат од телото. “Тоа може да створи лажно чувство за сигурност во вода” вели Меки. “Наместо тоа, научете го детето да се лоцира, да доплива до ивицата, а потоа покрај неа, држејќи се за ѕидот од базенот да дојде до скалите со чија помош ќе излезе.

Немојте често да користите очила за пливање

“Учете ги малечките да ги отворат очите под вода, затоа што во случај да паднат во вода, ќе можат да ја пронајдат страната преку која можат да излезат” вели Меки.

Не дозволувајте вашиот страв да влијае на децата

Немојте да кревате паника доколку лицето на вашето дете се најде под површината на водата, затоа што на тој начин ќе му пренесете чувство на страв. “Доколку имате многу мало дете, пуштете го да вежба во када со меурчиња” советува Меки.

Оставете коментар