Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters

За нас

Како започна се..

Сите бевме деца- мирни, разиграни, неразумни дури и со крвави колена. Пубертетот може да биде непредвлид, но секогаш љубопитен. Упорни кон постигнување на некаква цел.

Се вљубивме, забавувавме, посетувавме кино, одевме на кафе, на пијачка секако доколку имамвме пари. Ова беа среќни мигови во деведесеттите години. Се радувавме на секој партал што го добивавме, нова книга или патики.

Некои од нас отидоа на студии, некои се обидуваа да најдат работа во нивниот роден град. Ги отворивме и првите адреси на е-пошта. Тогаш тоа беше ултра модерно, па одевме во интернет- кафе за да ги користиме. Имаше и такви кои дома имаа компјутрер, но најчесто тоа беа деца од богатите семејства кои често ги ставаа во дневната соба за сите да ги видат.

Потоа, моравме да станеме сериозни бидејќи почнаа да не "газат" годините. Во сето тоа бунило успеавме да ги пронајдеме и нашите брачни партнери. И така, со нашата волја, одговорност или постојана желба, започнавме нов живот.

Сега, ние веќе не сме деца, имаме наши деца. И додека тие растат, во секоја смисла секојдневно растеме и ние. Ние веќе знаеме да користиме компјутер. Google и Facebook се наши најдобри пријатели. Но, нешто недостасува, немаме време да ручаме со нашите деца во три попладне, бидејќи работиме до пет. Немаме време за попладневниот одмор, бидејќи тој веќе поминал додека се вратиме од работа. Немаме доволно време за себе ниту за нашето дете.

И она малку време што го имаме, сакаме да ги искористиме со нашите деца на најдобриот начин. Подршка ни обезбедува нов, онлине свет во кој информациите брзо се пренесуваат, со другите ги делиме своите искуства, купуваме онлине и се дружиме.

Како е сега?

На сцена доаѓа Babyshop.мк единствен онлајн сајт за родители, баби и дедовци, тетки и чичковците, вујни и вујковци, комшии и пријатели кои сигурно во својот живот имаат по некое омилено дете.

Нашата цел е на едно место секој ден се повеќе и повеќе да има производители на облека и обувки, мебел, козметика, играчки, школски прибор, издавачи на книги, креативни работилници, разни школи, бутици, игротеки и сите оние активности кои нашиот и животот на децата го прават побогат.

Идејата зад Babyshop.mk стојат две мајки, Бојана и Елеонора, кои сакаат да ги сплотат своите две најголеми работи кои ги сакаат: Првата е најубавта и најголемата , своите ќерки Јана и Ева и втората е најсилната желба за успех и реализација на сопствениот бизнис за онлине продавница за деца.

За се ова да го реализираме стојат двајца неверојатни татковци Кико и Боки кои покрај нивната работа се заслужни за креативноста и најголема подршка и поткрепа за реализација на овој проект.

Ние сме детска онлајн продавница, бидејќи семејството ни е пред сè!
Бидете и вие дел од нашиот тим, и тоа како читатели на блогот, купувачи на онлине продавницата и партнери кои својата доверба ќе ни ја доверите на нас.

Добредојдовте кај нас!
 
Адреса: Никола Тесла бр.9А-1
Телефонски број: 070260101
е-маил: info@babyshop.mk