Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Алергии

Алергии

Голем број на новороденчиња (особено тие во чии семејства постои склоност кон алергија, како и тие кои биле на вештачка исхрана) имаат појавување на опструктивен бронхитис (воспаление на дишните патишта, отежнато дишење и свирење во градите). Ова е обично вирусна инфекција, при што доаѓа до покачување на температурата. Поради тоа во овој период тешко се разликува алергискиот од неалергискиот бронхитис.

Микроорганизмите можат да го стават во движење алергискиот механизам кој носи последици на стеснување на дишните патишта кое го предизвикува грчењето на мускулите и нивните ѕидови, што го отежнува издишувањето и дава звучен феномен во вид на свирење. Некои деца собираат многу секрет и буквално се гушат и потребна им е задолжителна лекарска помош. Повеќето деца добро реагираат на инхалација со бронходилататор, а за потешки случаи мора да се земе и краткотрајна хормонска терапија.

На секое новороденче може да му се случи ваква епизода во текот на инфекцијата, затоа што бебето има мал размер на дишните патишта, па поголемата количина на секрет уште повеќе ги стеснува истите и предизвикува отежнато дишење. Меѓутоа, кај некои бебиња во основа тоа е алергиско заболување. Тие се кандидати да се разболат од бронхиална астма, хронична болест која може да ги следи до пубертетот, а во најтешки случаи и до крајот на животот.

На оваа возраст тешко може да се докаже алергијата, па дури и ако истата постои. Поради слабата кожна реактивност кај децата помали од три години, алергиските кожни проби се негативни. За спирометриски испитувања на плуќната функција е сеуште рано, затоа што малите деца не се во состојба да соработуваат. Повеќето педијатри се на мака ако е во прашање лечење на новороденче со бронхоопструкции, на оваа возраст никогаш не е во прашање чиста алергија, туку истата е придружена со инфекција, многу често и со воспаление на белите дробови или средното уво. За да не дојде до злоупотреба на лековите, особено на антибиотиците, добро е да се консултира детски пулмолог, ако нападите на гушење се чести и ако постои семејна наследна алергија.

Најголема превенција е бебето да се дои што е можно подолго. Но, бебето не смее да биде ни гладно, затоа ако немате доволно млеко посоветувајте се со педијатар.

Оставете коментар
Close