Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Апгар – прва процена на бебето

Апгар – прва процена на бебето

Со апгар оцената се проценуваат пет показатели: бојата на кожата, дишењето, срцевата акција, тонусот на мускулатурата и рефлексниот одговор при дразба (аспирација на дишните патишта по самото раѓање).

Целта на апгар тестот е проценка на здравствената состојба на новороденчето со цел да се утврди потребата од итно реагирање во случај кога состојбата на новороденчето тоа го бара.

Апгар процената се прави двапати, во првата и петтата минута по породувањето. Во зависност од моменталната состојба, односно кога резултатите од апгар тестот се ниски, тој се прави и во 10-тата или 15-тата минута.

Параметрите се бодуваат со 0, 1 и 2, а највисоката оценка е 10. Бебињата кај кои проценката е спроведена во 5-тата минута и имаат апгар оценка над 8 се сметаат за витални бебиња.

Новороденчињата со ниска апгар оценка имаат потреба од посебен мониторинг и лекарски надзор најмалку 24 часа по раѓањето.

Апгар процената датира од 1952 година, кога анестезиологот Вирџинија Апгар, смислила брза и сеопфатна метода за процена на виталноста на новороденчињата непосредно по раѓањето, со желба и цел грижата на персоналот во породилната сала да се насочи кон новороденчињата.

На кој начин се добиваат оцените и што тие значат ви прикажуваме во следната табела:

Апгар оценка

2

1

0

Боја на кожа

Розова

Розова, екстремитети сиви

Бледа, сива

Пулс

Нормален (над 100 во минута)

 Помалку од 100 пулсирања во минута

Не се регистрира пулс

Рефлекси при дразба

Кива, кашла

Прави гримаса

Нема одговор при дразба

Мускулен тонус

Активен, спонтани движења

Ослабен тонус, мала подвижност на екстремитети

 Млитав, нема движења

Дишење

Нормално дишење, силен плач

Бавно, нерегуларно дишење, слаб плач

Не дише, нема плач

 

Оставете коментар
Close