Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Автомобилски седишта за бебе

Автомобилски седишта за бебе

За да го превезете бебето во автомобил, ви треба посебно дизајнирано седиште што ќе одговара на големината на бебето. Главно, на новороденчињата им одговараат два  различни типа на автомобилски седишта: она за доенчиња (група 0/0+) и за поголеми бебиња (група 1/2). Секое има свои предности. Без оглед на изборот, важно е внимателно да го прочитате упатството за користење на седиштето и соодветно да го поставите.

При купувањето, барајте го следниве одлики: Ремен за врзување со 5 сигурносни точки, држач за главата на новороденчето, приспособлив ремен за врзување, натстрешница што се собира, мека и удобна навлака, како и (ова важи само за седишта од групата 1/2) посебен појас што ги врзува автомобилот и седиштето. Во случај на недоумица, контактирајте го производителот.

Седиште за доенчиња- група 0/0+

Главна предност е што може да се вади  од автомобилот  без да се преместува бебето. Компатибилно е со најголем број  на стандардни колички и колички без рамка и е дијзајнирано да се затвори како школка во случај на незгода. Негативна страна е што тежи околу 13 кг со полна опрема и што ќе треба да вршите безбедносна проверка при секое ставање во автомобилот. Ќе треба да го замените кога бебето ќе стане потешко од 9/11 кг или подолго од 66 см.

Седиште за поголеми бебиња - група 1/2 : Бидејќи е поголемо од седиштето за доенчиња, ќе трае до возраст од околу 4 до 5 години. Ваквото седиште не е предвидено да се вади од автомобилот, што значи дека ќе ви треба и дополнителен транспортер.

Совет: Општо земено, не е безбедно да купувате половни автомобилски седишта. Безбедносните регулативи често се менуваат, па може да се случи седиштето  да биде застарено  и несоодветно. Ако половното седиште било во сообраќајна незгода, можно е да не е сосем функционално.

Оставете коментар