Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Бебе Јарец

Бебе Јарец

Бебето Јарец е единствено кое делува повозрасно од останатите бебиња. Обично за нив се вели дека се стари кога се млади, а млади кога се стари.

До негде има вистина, затоа што сепак децата се раѓаат кога ја завршуваме годината и ја дочекуваме новата. Така што вашето бебе ќе има убава кожа и ќе биде долго младо, кога другите млади ќе стареат.

Бебето Јарец е послушно, понекогаш повлечено, срамежливо, нема да бара храна освен ако самите не го понудите, долго може да трпи и без вода.

Сака да ги чува играчките, а кога малце ќе порасне ќе го сака и својот ормар со неговите ствари и тука никој нема да смее да пројде, нормално, освен мајката.

Бебето Јарец не е тажно ниту меланхолично, иако сите знаеме дека владетел му е планетата Сатурн која не е многу омилена.

Јарците уште од мали сакаат насмевки, а тоа го задржуваат и во староста. На бебето Јарец никако немојте да викате, затоа што тоа ќе го запамти истото.

Бебето Јарец сака музика, затоа пуштајте му музика уште во раните утра.

Оставете коментар