Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Бебешкиот мирис не прави поинакви

Бебешкиот мирис не прави поинакви

Научниците сметаат дека на мајките им е полесно да се изборат со константната грижа за штотуку родените деца и дека се внимателни и особено се грижат после породувањето благодарејќи на реакциите на мозокот на мирисот од бебето.

Солзи, плач и будење по неколку пати во текот на ноќта можат да делуваат на некои жени како делови од мајчинството кои се претешки. Сепак, неодамна спроведеното истражување покажа дека мирисот од детето им помага на мајките да се изборат со сите непријатности во првите месеци после породувањето.

Пораѓајот, имено, делува на женскиот мозок така што мајката станува рационална, внимателна и се грижи за другите. Научниците од јапонскиот Универзитет во Нагасаки спроведоа интересно истражување, во кое ги покрија очите на група жени од кои половина имала деца. Учесничките во неможност да видат, мирисале маици, од кои некои пред тоа ги имале тукушто родените бебиња, некои ги облекувале мажи, додека некои од маиците биле сосема нови. Задачата на триесет и осумте жени кои учествувале во истражувањето била да проценат на кого му припаѓаат одредените мириси кои ги чувствуваат, додека одредени апарати истовремено ја прателе активноста на нивниот префронтален кортекс, дел од мозокот кој е задолжен за рационално размислување.

Кога пред овие жени се нашла облеката која им припаѓа на новороденчињата, кај мајките кои учествувале во истражувањето се забележени значајни промени во активноста на мозокот. Од друга страна, жените кои не се мајки не покажале значајна промена во активноста на мозокот по чувствувањето на мирисот на бебето.

На основа на тоа, научниците извлекле заклучок дека кај жените по породувањето доаѓа до значајни промени. Оваа можност е подржана со уште една студија, која извела заклучок дека првите месеци од мајчинството се пропратени со значајни структурни промени во големиот број на мозочни регии, вклучувајќи го и префронталниот кортекс.

“Тоа може да биде од голема важност за разбирањето на раѓањето на мајчинската љубов и исполнувањето на задачите кое мајчинството ги носи со себе”, се наведува во извештајот од студијата.

“Мајчинството, особено во првите недели после породувањето е многу стресно и некои жени многу тешко се носат со новите предизвици. Сепак, се чини дека мирисот на бебето е своевиден стимуланс кој делува на способноста на мајката да се избори со сите потешкотии”.

Научниот свет се согласува со заклучоците од јапонските стручни лица и потсетува дека одсекогаш е познато дека мирисот на бебешкото вратче и самиот контакт со детето благотворно делува на возрасните личности, во овој случај мајките, што резултатите од ова истражување само го потврдуваат.

Оставете коментар