Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Бебешките насмевки и бебешките солзи

Бебешките насмевки и бебешките солзи

Нормално, постојат многу начини на кои бебињата ги пренесуваат своите намери и чувствата пред да почнат да зборуваат. Дали плачењето е вид на комуникација?

Солзите како начин на комуникација

Бебињата го користат плачот како би ви порачале дека се гладни, дека нешто ги боли, дека треба да им ја смените пелената или дека едноставно им е потребно вашето присуство. Важниот аспект од родителството е да го разберете овој плач. Интересно е дека во првите неколку месеци од животот на бебето, плачот многу се разликува, толку што мајките можат да препознаат што одреден плач означува.

Не смееме да заборавиме дека комуникацијата со новороденчето е двострана, така што колку поадекватно мајката одговара на различните видови на бебешкиот плач со самото тоа се зајакнува значењето на секој бебешки лелек. На тој начин се создава емотивна поврзаност. Тоа е важен дел од родителската улога. Нормално, подоцна како детето расте, може да ги изрази своите негативни чувства, не само низ плач туку и со трескање по столот или со удирање на нозете по подот. Да ли плачот и овие други знаци на лутење се вид на “гестикулации”, за тоа може да се полемизира.

Смеењето и муртењето како начини на комуникација

Смеењето и муртењето исто така се начини со кои бебето може да комуницира со родителите. Имено, бебешките први насмевки се само фасцијални изрази кои родителите ги толкуваат така што се насмевнуваат назад, додека бебињата тоа го разбираат како позитивна реакција на околината и се трудат да ја репродуцираат таа насмевка. Така се развива позитивната интеракција.

 

Оставете коментар