ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Бебињата гледаат работи кои возрасните не ги гледаат
    Бебињата гледаат работи кои возрасните не ги гледаат

    Бебињата гледаат работи кои возрасните не ги гледаат

    Бебињата гледаат работи кои возрасните не ги гледаат. Имаат способност за перцепција која подоцна се менува затоа што мозокот пробува забрзано да го сфати светот околу себе.

    Мозокот на тромесечното бебе не е во потполност развиен. И покрај тоа, бебињата имаат неверојатна способност за перцепција која возрасните ја губат. Бебињата сеуште не развиле “перцептивна константа”, вештина која ни овозможува да препознаеме ист предмет во поинаква околина, па можат да забележат суптилни разлики во сликите како што е осветлувањето.

    Гледаат мали разлики во сенките

    Во една јапонска студија, невролозите проучувале повеќе од 42 бебиња на возраст од 3 до 8 месеци додека гледале слики направени од 3Д објекти со мали разлики во сенките и интензитетот на пикселите, мерејќи колку траело гледањето на секој објект.

    По должината на гледањето, истражувачите можеле да ги проценат мислите, односно дали сликата на објектот е слична или поинаква од претходната затоа што се знае дека бебињата имаат тенденција подолго да гледаат во работите кои им се нови.

    Ако бебето ја гледало и првата и втората слика еднакво долго, тоа значи дека двете му биле еднакво интересни и изненадувачки. Резултатите покажале дека бебињата на возраст од 3 – 4 месеци имаат неверојатна способност да препознаат разлики во сликите. Оваа врвна вештина ја губат околу петтиот месец.

    Не се подложни на оптички излузии

    До губењето на оваа вештина доаѓа затоа што пробуваме забрзано да сфатиме што се случува во светот околу нас. Затоа нашиот мозок прави пречка и доаѓа до перцептивна константа па ги гледаме предметите кои ни се познати како да имаат стален облик, боја и светлост, без оглед на промените во нашата околина. Губитокот на таа способност создава пречка помеѓу нас и физичкиот свет, но во исто време ни помага како подобро да преживееме, макар што остава голем дел од стварноста надвор од нашиот дофат. Поради тоа возрасните се подложни на оптички илузии, додека бебињата не можат така лесно да се излажат.