Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Бебињата учат во сон

Бебињата учат во сон

Резултатите од истражувањата покажуваат дека бебињата учат и во тек на сонот.

Бебињата се многу поспособни во регистрирањето на информациите отколку што се верува, тврдат амриканските стручни лица. Не дозволувајте мирната дремка на бебињата да ве излаже: додека спијат, новороденчињата “впиваат” податоци за околината со што го забрзуваат своето прилагодување на животот надвор од матката.

“Бебињата се многу поспособни во регистрирањето на информации отколку што мислиме”, тврди професорката Дана Берд, педијатар од Универзитетот во Флорида. Заедно со колегата, професорот Вилијам Фајфер, детски психијатар од Медицинскиот факултет од Колумбија во Њу Јорк и тим на истражувачи спроведоа истражување.

Берд на 26 тукушто родени бебиња кои се наоѓаа во сон, стари помеѓу 10 и 73 часа, им насочи интензивен звук. Секој звук пратеше непријатен млаз на воздух насочен кон очните капаци на бебињата – по што бебињата инстинктивно ги дигаа рачињата кон капаците. По 20 минути, бебињата во сон, многу малку, а некои речиси и воопшто не реагираа на звукот кој не е пратен од млаз на воздух како што тоа беше на почетокот на истражувањето.

Во исто време, електродите поставени на горниот дел од главата регистрираа активност во префронталниот кортекс, дел од мозокот задолжен за меморија.

“Сега знаеме дека бебињата можат да учат дури и додека спијат”, кажа за магазинот “Nature” професорката Берд и нагласи дека откритието укажува на нови детали во наталната неврологија.

Досега не беше утврдено дали новороденчињата кои во спиење дневно поминуваат помеѓу 16 и 18 часа ги памтат регистрираните влијанија од околината.

Оставете коментар
Close