ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Бебињата во стомакот на мајката и новородените бебиња сонуваат поинаку
    Бебињата во стомакот на мајката и новородените бебиња сонуваат поинаку

    Бебињата во стомакот на мајката и новородените бебиња сонуваат поинаку

    Истражувањата покажуваат дека дури и неродените деца сонуваат за звукот на гласот на мајката или за матни светлосни слики кои продираат до нив. Новороденчето има сон за лицата и облиците кои ги запознава.

    Алан Грин, професор педијатар од Универзитетот Стендфорд, вели дека кај бебињата како и кај возрасните, соновите им помагаат за процесуирање на проживеаното.

    -Иако не можеме со сигурност да тврдиме што бебето сонува, постојат знаци кои ни укажуваат на тоа дека тоа се буди со некој сон.

    Еден од првите сигнали е расположението после будењето. Ако е среќно и насмеано, сонувало нешто убаво, а ако е нервозно и плаче, во сонот веројатно процесуирала помалку позитивно доживување – вели др. Грин.

    Научниците немаат дилема дали бебињата сонуваат или не, но не се сигурни дали можат да имаат ноќни мори, со оглед на тоа дека веќе во првите неколку месеци од животот имаат сеќавање на непријатни чувства или состојби, како ладно, глад и мокри пелени.

    Ноќните мори се претпоставува дека се јавуваат околу втората година, затоа што тогаш децата почнуваат да разбираат дека во животот се случуваат и неубави работи. Истовремено, тоа е возраста кога почнуваат да развиваат и страв.