Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Бејби аспирин и бременост

Бејби аспирин и бременост

Одредени лекари им препорачуваат на жените кои долго не можат да останат бремени да почнат секојдневно да земаат аспирин во мали дози, до 100 милиграма (наречен “бејби аспирин”.)

Се смета дека дозата од 100 милиграма не може да наштети на црниот дроб, ниту пак да стигне до плодот. Исто така, таблетите се обложени со филм па го штитат желудникот.

Аспиринот ја поттикнува циркулацијата така што ја “разредува” крвта и ја забавува коагулацијата па матката станува позадебелена , а имплантацијата се случува полесно.

Исто така, аспиринот може позитивно да влијае на јајниците така што го стимулира производството на квалитетни фоликули, па често се случува во текот на месецот да созрее и да се ослободи повеќе од една јајце клетка.

Кога ќе дојде до бременост, се смета дека аспиринот на ист начин помага во спречувањето на губењето на плодот така што поради добрата циркулација не доаѓа до заостанување во развојот на плодот. Затоа некои жени земаат аспирин пред бременоста, но продолжуваат да го земаат и во тек на бременоста до 12 – тата недела или подоцна.

Исклучително е важно пред земањето на аспирин да се консултирате со лекар. Тој можеби ќе побара дополнителни тестови.

Оставете коментар