Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Благодарение на новата технологија родителите ќе можат да го бираат полот на детето

Благодарение на новата технологија родителите ќе можат да го бираат полот на детето

Научниците развија нова техника за раздвојување на спермата која во иднина би можела да им овозможи на паровите кои го користат процесот на медицински потпомогнато оплодување да го бираат полот на детето.

Тие открија едноставна метода за одвојување на спермата со Х хромозом од онаа со Y хромозом, пишува Science Alert.

Имено, кај цицачите, но и кај многу други животни, женките имаат XX хромозоми, а мажјаците XYхромозоми. Кога женката ќе створи јајце клетка, таа ќе има само еден од двата X хромозоми, никогаш Y.

Но машката сперма има еднаков удел на сперматозоидите кои носат X и Y хромозоми, а јапонските генетичари изгледа смислија метода со која можат да ги раздвојат.

Имено, научниците ги забавија сперматозоидите со X хромозом и ги издвоија. Кога при оплодувањето ја користеа таа побавна сперма, добија легло со 80% женки, а кога ја користеа побрзата, легло со 90% мажјаци. Иако оваа техника сеуште не е совршено разработена и не нуди стопостотна сигурност, таа сепак дава многу добри резултати за така едноставна и ефтина метода за избор на полот.

“Употребата на оваа метода при човековата репродуктивна технологија е неистражена, па вклучува значајни етички проблеми, неповрзани со ефикасноста на оваа техника” вели репродуктивниот биолог Масајуки Шимада од Универзитетот Хирошима.

 

Оставете коментар