Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino
RSS

Блог

Суплементи кои можат позитивно да влијаат на бременоста
Суплементи кои можат позитивно да влијаат на бременоста

Витамин C

Коприва и нејзино влијание на плодноста
Коприва и нејзино влијание на плодноста

Копривата најчесто се спомнува кога е во прашање лечењето на неплодноста.

Планирате бебе? Внесувајте фолна киселина
Планирате бебе? Внесувајте фолна киселина

Оној момент кога ќе почнете да размислувате за бебе, време е да направите и одговорен чекор – да го зголемите внесувањето на фолна киселина во организмот.

Вашата 40-та недела од бременоста
Вашата 40-та недела од бременоста

Еден од знаците дека породувањето е многу близу е излегувањето на слузниот чеп. Кога ќе дојде до првите знаци на породување – правилни, силни контракции или истекување на плодовата вода, земете ги работите кои однапред ви се припремени и тргнете кон болница.

Новата породилна пракса која е се позастапена во светот: Што е нежен царски рез
Новата породилна пракса која е се позастапена во светот: Што е нежен царски рез

Овој тип на операција, за разлика од традиционалниот, нуди емотивно искуство и близок контакт со мајката.

Во колку часот најчесто се раѓаат бебињата?
Во колку часот најчесто се раѓаат бебињата?

Наодите на научниците од College London добиени со анализа на податоци од 5 милиони породувања кои се случиле помеѓу 2005 и 2014 година покажуваат кои се омилени часови за породување.

Braxton Hicks контракции
Braxton Hicks контракции

Braxton Hicks контракциите прв пат во 19-тиот век ги опишал англискиот научник John Braxton Hicks па и своето име го имаат добиено по него.

Дознајте се за еко пелените
Дознајте се за еко пелените

Колку еко пелени ќе ми бидат потребни?

Доколку започнете со користење на еко пелените од почетокот на раѓањето на бебето, потребни ви се од 10-12 пелени на ден.
Доколку бебето е постаро од три месеци, потребни ќе ви бидат од 6-8 пелени.
Се зависи од тоа на колку дена сакате да ги перете. Доколку ги перете секој ден, ќе ви бидат потребни од 10 до 12 пелени. Доколку ги перете пелените на два дена, ќе ви бидат потребни од 20 до 22 пелени.
Напомена: бројот на потребните пелени се всушност и вкупниот број на пелени кои ќе ви бидат потребни за целиот пеленски период.

 

Како да ги перам пелените?

Пелените се перат во машина за перење на алишта. Има две опции кои треба да се запазат: предперење и перење.
Предперење: Пелените заедно со водоотпорната торбичка и фланел марамиците се ставаат во машината и се пуштаат на најбрзата програма на вашата машина (quick wash 30степени) Внатре во барабанот ставате 60гр прашок и 30гр калгон.
Перење: Веднаш кога ќе заврши предперењето почнувате со главното перење (main wash). Ја отворате машината, ставате 120гр/150гр прашок и 60гр Калгон. Ја бирате најдолгата опција на машината (heavy wash). Рачно бирате 40 степени и 1000 вртежи.
После два часа перење (приближно, зависи од машината за перење), ги вадите пелените и ги сушите на сушара.

 

Што да правам со каките?

Перењето на еко пелените е едноставно и брзо, само треба рутина.

  • Доколку бебето е само на мајчино млеко, каките од пелените не се плакнат, бидејќи млекото е растворливо во вода. Доколку е на формула, каките мора да се исплакнат со туш врз вц шолја, да се исцеди и стави во водоотпорната торбичка до денот на перењето.
  • Кога бебето е на дохрана со кашички, столицата му се менува и пелените се полесни за одржување. Само се фрлаат каките во вц школката.
 

Кој детергент е најдобро да го користам и дали можам да користам омекнувачи?

Пелените се тестирани со Персил Сензитив. Ние го препорачуваме тој прашок, бидејќи е најбезбеден за материјалот на пелената и не предизвикува црвенила, осип и сл. Омекнувачи не се препорачани, бидејќи се премногу агресивни за пелените, и можат да направат црвенило и алергии.

 

Каков материјал е еко пелената?

Еко Пелената е изработена од два материјали. Внатрешниот е изработен од памук, а надворешниот е изработен од полиестер (PUL) водоотпорен материјал. 

 

Какви апсорбирачи имате и која е нивната функција?

 

  • Апсорбирачите се поставуваат внатрешно во џебот на пелената. Нудиме апсорбирачи од микрофибер и од бамбус.
  • Микрофиберот е еден од најпопуларните апсорбирачи во светот. Брзо ја впива течноста и брзо се суши. Може да ја држи сува пелената 3 часа без да пропушти.
  • Бамбус апсорбирачите се изработени од 5 слоеви на материјал, каде двата надворешни слоја се 250гр 100% бамбусови влакна, а внатрешниот дел има три слоја на микрофибер. Ваквата комбинација е супер апсорбирачка и може да впие поголемо количество на течност.

Погледнете ги на следниот линк ТУКА и ТУКА

 
Колку време ќе можам да ги користам еко пелените?

Со правилно одржување на пелените, можете да ги користите со години, на неколку бебенца.

 

Што да направам доколку ми пропушта пелената?

Проверете прво дали пелената е закопчана правилно. Видете дали има простор кај ластиците околку бутчињата. Доколку не сте сигурни, погледнете ги видео презентациите. Доколку се е во ред, бебето започнало во еден период од денот (кога пие многу течности) да мокри повеќе од вообичаеното и е време тогаш да вметнете уште еден апсорбирач, или пак, наместо на 4 часа, пелената сменете ја на 2 до 3 часа. Секое бебе е различно и во различно време мокри поголемо количество. Тој период, како и ноќе, ќе користите два апсорбирачи (бамбус и микрофибер).

 

Зошто би користела фланел марамици?

Влажните марамици се полни со хемиски супстанци, кои не се baby friendly и можат да направат црвенило и осип на нежната бебешка кожичка доколку се користат континуирано. Затоа ние препорачуваме да користите нежни памучни марамици, кои се мократ само со млака вода и темелно се чисти бебешката кожичка и интима.

 

Кои креми се дозволени доколку користиме еко пелени?

Сите органски масла и креми кои не содржат цинк оксид и хемиски елементи се дозволени за употреба. Најпопуларно масло за користење е органското масло од кокос. Здраво и безбедно масло кое ја омекнува и смирува бебешката кожичка.

 

Како да ги сушам еко пелените?

Еко Пелените брзо се сушат и не се пеглаат. Идеално сушење на пелените е на жица или сушара. Така ластикот ќе биде добар со години. На сонце за еден час се суви. Можете и во машина за сушење, но на ниска температура (30 степени).

 

Што да направам доколку имам флека на пелената?

Доколку се случи да имате флека на памучниот дел на пелената или пак на апсорбирачот, исплакнете ги со вода и поставете ги на сонце. За неколку часа флеката ќе исчезне. Сонцето е најдоброто нешто за отстранување на секаков вид на флеки! 

 

Која е функцијата на биоразградливите ленти?

Доколку користите платнени пелени и не сакате да дојдете во допир со каките на бебенцето, се поставуваат овие ленти. Исто така, доколку користите еко пелени и бебенцето од храна се исфрлило и морате да го мачкате со креми кои содржат цинк и хемикалии, морате за да не се оштети природниот материјал на пелената да ставите лента. Доколку користите еднократни пелени, а бебенцето има црвенило или осип, исто така врз пелената ја поставувате оваа лента. За заштита на кожата од хемикалиите кои довеле до тој осип црвенило и сл. Направени се од пченкарен скроб, така што се 100% безбедни и одобрени како на нашиот пазар така и во светот.

Погледни ТУКА

Зошто да користиме пелени за повеќекратна употреба, а не пелени за еднократна употреба?

Тие се подобри за животната средина, поздрави се за вашето бебе и економични се на долг рок.

 

Кои се бенефитите од користење на еко пелени?

Идеални се за широк повој, не предизвикуваат осип, црвенило и кожни иритации и заболувања.

 

Од која тежина можат да се користат ЕКО Пелените?

Еко Пелените, можат да се користат од 3,5кг. па се до 15+ кг. Една пелена се купува и се користи од самиот почеток, па се до крајот на пеленскиот период.

 

За што служат водоотпорните торбички?

Водоотпорните торбички служат за да ја задржат влагата и миризбата.Со помош на патент тие претставуваат практични водоотпорни торбички кои се одлични за чување на валкани пелени, лигавчиња, марамчиња, влажна облека и многу повеќе!

 

Како се користат гаќичките за одвикнување од пелени?

 

  • Многу родители ќе се сложат дека процесот на одвикнување од пелени,може да биде долг и исцрпувачки.
  • Затоа овие гаќички за одвикнување, се идеални и помагаат во целиот тој процес. Бидејќи се водоотпорни, нема да имате проблеми со протекување на постелнината,облеката и сл. 
  • Внатрешниот слој е направен од природни антиалергиски бамбусови влакна кои не ја иритираат кожата. Совршени за ноќно мокрење. Погодни се за деца од 18месеци, па се до 3 години.
 

Од каков материјал се направени гаќичките за одвикнување?

Гаќичките за одвикнување се изработени од три материјали. Внатрешниот материјал е изработен од бамбусови влакна, во него е сошиен апсорбирач од микрофибер и надворешниот материјал е PUL водоотпорен кој не пропушта.

 

Како се одржуваат гаќичките за одвикнување?

Перењето на гаќичките се врши рачно или машински. Се пере со Персил Сензитив прашок. Не се користат омекнувачи и сл хемиски супстанци, бидејќи можат да го намалат апсорбирањето на гаќичките. Бидејќи внатрешниот материјал е природен бамбус, гаќичките потешко се сушат,но на сонце или пак во машина за сушење можете да ги сушите. Ако ги перете рачно, во легенче прво ќе ги прокиснете пола саат во млака вода со додадено малку прашок и калгон(омекнувач за вода-прашок). Потоа исто така, во нова чиста вода ќе додадете прашок и калгон во водата и ќе ги исперете. Во машина за перење, можете да ги перете со пешкири,крпчиња и сл., но не повеќе од 60 степени. Внатре во бубањот на машината се става прашок и калгон 50гр.
Се сушат во машина на пониска температура или пак на сонце.

 

Може ли еко пелените да се користат за на море, базен и сл?

Еко пелените се идеални за на базен,море, плажа и сл. Тие се модерни, водоотпорни и со интересни принтови!

 

Која е функцијата на влошките за гради?

Влошките за гради се изработени од нежен бамбус кој брзо упива и не протекува. Многу се практични и економични. Нема непријатни ситуации со влошките од бамбус!

 

Која е разликата помеѓу мал, среден и голем пакет?

Сите пакети се доволни за пеленски период од 2+ години. Единствено нешто во што се разликуваат е количината. Во зависност дали сакате секој ден да перете (мал пакет); на два дена (среден пакет); и на три дена (голем пакет)

 

Како да пресметате колку долго сте бремени
Како да пресметате колку долго сте бремени

Порано трудниците староста на бременоста ја пресметуваа по месеци. На прашањето за староста на бременоста, можевте да чуете одговор: “Полни четири и влегов во петти месец” или “Во осми сум месец”.

Кога бремената жена дехидрира
Кога бремената жена дехидрира

Дехидрацијата не е главен проблем кај повеќето бремени жени, но за некои жени тоа може да биде многу опасна состојба.