Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Богатиот вокабулар не е клучен за развојот на говорот кај децата: Науката има нови сознанија

Богатиот вокабулар не е клучен за развојот на говорот кај децата: Науката има нови сознанија

Спрема истражувањата една работа е клучна за правилниот развој.

Веројатно веќе сте ја слушнале реченицата дека со бебето треба што почесто да зборувате, а со тоа се согласуваат и истражувачите од Харвард.

Во новата студија која се занимава со развојот на говорот кај малите деца, истражувачите открија дека со децата треба да се зборува за тие да имаат најдобра можност за развој.

Не е важно само да им зборувате, важен е начинот на кој ќе го направите тоа. Наместо само да изговарате зборови, од едноставни до посложени, или да им покажувате слики кои ги означуваат научените зборови, стручните лица нагласуваат дека од самиот почеток е важно децата да бидат вклучени во дијалог, затоа што интеракцијата е многу важна.

Истражувањето опфати деца на возраст од 4 до 6 години и доведе до заклучок дека двостраниот разговор го менува мозокот на детето.

Дијалогот може да го поттикне развојот на мозокот на детето и јазичните вештини. Токму конверзацијата најзначајно влијае на неговиот развој.

“Значи не е важно на детето да му зборувате и да го збогатувате вокабуларот, важно е со него навистина да разговарате и да го учите како да ги сфати и да возврати на информациите”, кажа Рејчел Ромео, главниот автор на споменатото истражување.

“Истражувањето ни покажа дека бројот на познати зборови воопшто не е важен за развојот и функцијата на мозокот. Важна е интеракцијата и количината на двостраната конверзација”, нагласи таа.

Истражувањето се посвети и на темата модерно родителство. Во последните неколку години зачестена е и појавата на употреба на мобилен телефон и таблет кај децата. Родителите кои на овој начин ги забавуваат своите деца пропуштаат до поминуваат време со нив и со истите отворено да разговараат и да ги поттикнуваат на разговор. Наместо тоа, се потпираат на технологијата и на модерните средства. Се тоа доведува мозокот кај некои деца побавно и потешко да се развива отколку што би требало.

 

 

 

 

Оставете коментар