Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Braxton Hicks контракции

Braxton Hicks контракции

Braxton Hicks контракциите прв пат во 19-тиот век ги опишал англискиот научник John Braxton Hicks па и своето име го имаат добиено по него. Тоа се контракции или грчеви на матката, кои се присутни речиси во тек на целата бременост, но нивниот интензитет е толку мал така што трудниците почнуваат да ги приметуваат дури кон крајот на бременоста кога нивната појава е се почеста. 

Нивната појава не смее да не чуди ако знаеме дека матката е мускул и има право на затегање како и сите останати мускули. Зголеменото појавување на овие контракции во последниот месец од бременоста всушност е припрема и вежбање на матката за нејзината завршна задача. 

Контракции со неправилни размери

Колку и накој начин жените ги чувствуваат е индивидуално. Има трудници кои нема ни да знаат за што им зборувате кога ќе им ги спомнете овие контракции, а некои неколкупати ќе отидат на лекар со лажни трудови. Сите сме поинакви и бременоста ја доживуваме и поднесуваме на различни начини. Факт е дека овие контракции се јавуваат во неправилни размери, траат отприлика од 30 до 60 секунди, не им се засилува интензитетот, не се болни, но предизвикуваат одредена нелагодност затоа што предизвикуваат напнатост во стомакот. 

Прави трудови

Основна разлика е што правите трудови се јавуваат периодично, нивниот интензитет се засилува, а разликата меѓу нив се намалува. Правите трудови најчесто почнуваат да се чувствуваат, не само во стомакот, туку и ниско во грбот. Лажните трудови обично промена на положбата и почетокот на некоја активност исчезнуваат за разлика од правите на кои не можеме никако да влијаеме.

 

Оставете коментар