Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Бруксизам кај децата

Бруксизам кај децата

Бруксизмот го опфаќа секое шкрипење или стегање на забите “на празно” доколку не џвакаме и не голтаме. Последиците се неопределени затоа што овој феномен се случува од време на време.

Бруксизмот не е ретка појава кај децата. Најчесто е застапен кај децата до 12-тата година и во 33% од случаите, иако статистиките не се доволно прецизни.

Најчесто се јавува во периодот кога излегуваат млечните или сталните заби, а исчезнува после нивното целосно излегување. Кај децата е многу повеќе застапено ноќното шкрипење и родителите ретко и најчесто сосема случајно го забележуваат. 

Причинителот за шкрипењето со забите може да биде различен. Најчеста причина е неправилниот контакт помеѓу забите, инфекциите, неправилната исхрана, алергијата, паразитските заболувања и хормонските заболувања.

Шкрипењето на забите понекогаш предизвикува болка во вилицата, главоболка и трошење на забите. Истрошените заби можат да покажат чувствителност на топло и ладно затоа што пука глеѓта. 

Доколку шкрипењето на забите трае долго време детето треба итно да се однесе на преглед кај стоматолог како на време би се исклучиле сериозни пореметувања.

Оставете коментар