Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Читајте им на бебињата

Читајте им на бебињата

Само 15 минути читање дневно му овозможува на детето за една година да слушне 1.000.000 зборови – велат од УНИЦЕФ.

Родителите би требало на децата да им читаат книги и да разговараат со нив уште од првиот ден, затоа што слушањето на зборови помага да се изгради богата мрежа на зборови во бебешкиот мозок – соопштува УНИЦЕФ.

-Родителите и старателите треба што повеќе да разговараат со бебињата, да им пеат песнички и да им читаат книги. Само 15 минути читање дневно му овозможува на детето за една година да слушне 1.000.000 зборови.

Со читањето се воспоставува врска помеѓу работите кои бебето најмногу ги сака, а тоа се родителскиот глас и сликите од книгите. Кога тие му читаат, пеат или му зборуваат, тоа слуша многу различни емоции и звуци, што го поттикнува да гледа, покажува, допира и да одговара на прашања. Стручните лица велат дека тоа влијае на развојот на вниманието, способноста за размислување, учењето на јазик и воспоставување на блиски односи со другите.

Оставете коментар
Close