Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Црвената облека ги штити децата од инсекти!

Црвената облека ги штити децата од инсекти!

Доброто време е идеално за уживање во природата, но одмарашето да ви биде релаксирачко добро подгответе се на досадите од природата.

Осите, пчелите, комарци се составен дел од природата. Постојат повеќе начини да ги заштитите децата од овие напади..

Не ги убивај инсектите

Ако во вашата близина се наоѓаат оси или пчели, немојте да ги убивате, и кажете му на детето да не го прави тоа. Убивањето на инсектите може да ја налути целата колонија, која може да ве следи и неколку километри. Внимавајте детето да не мафта со рацете и да не се обидува да ги истера инсектите - тие сами ќе си заминат кога ќе видат дека човекот не претставува опасност.

 

Тргнете ги слатките

Пчелите и очите сакаат слатко, па бидете сигурни дека, по јадењето, вашето дете да не го остави отворен сокот или било кое пакување на храна која содржи шеќер.

 

Црвена облека

Пчелите сакаат јаки бои, како жолти и зелени, бидејќи ги потсетуваат на цвеќињата. Меѓутоа, нивните очи не реагираат на црвената боја. Ако пред да излезете детето го облечете во црвено, така ќе го заштитете на некој начин.

 

Заштити го детето со спрееви

Комарците ги привлекуваат топлината на телото и јаки дезодоранси. Ако на детето му нанесете спреј против инсекти, ќе емитираа миризби кои ќе ги одбиваат комарците, па би требало малечките да ги остават на мир.

 

Ако пчела или оса го убоде вашето дете, трнот треба да се отстрани со туп нож. Немојте да употребувате пинцета бидејќи ќе го истуркате остатокот од отровот во кожата. По отстранување на отровот , спречете го детето да ја пипка раната за да не се инфицира.

Оставете коментар