Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Цврста храна

Цврста храна

Мајчиното млеко содржи оптимални нутриенти, ензими и антитела за правилен раст и развој на бебето. Ако вашиот педијатар смета дека детето напредува добро и дека нема потреба за воведување на млечна формула, доењето е најдобриот избор. Немлечната исхрана по сите препораки на нутриционистите се воведува со навршени 4 – 6 месеци или кога детето веќе може самостојно да седи. Раното воведување на немлечна исхрана може на поголема возраст да доведе до создавање алергии на храна, интолеранција и гојазност. Прва храна која се советува за воведување е кашичка на база на ориз, затоа што оризот добро се поднесува кај сеуште неразвиениот дигестивен тракт на бебето и се смета за намирница која има најмалку можности да предизвика алергија. Воведувањето на храната секогаш треба да биде моновалентно, односно една по една намирница после 4 – 7 дена како би се открила можноста за некоја алергија. По правило прво се воведува зеленчук  како компир, морков, па дури потоа овошје како јаболко и банана. Зрнестото и јаткасто овошје поради можноста за предизвикување на алергија се воведуваат после навршени една до две години. Најдобро е за редоследот на воведување на намирници да се посоветувате со вашиот педијатар.

 

Оставете коментар
Close