Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дали маглата е штетна за трудниците и бебињата?

Дали маглата е штетна за трудниците и бебињата?

Што е магла?

Маглата е кондензирана водена пареа која настанува во атмосферата која ја намалува видливоста на помалку од 1000 метри. Може да се јави во текот на целата година, а почесто се јавува во текот на есента и зимата. Таа по својот состав не се разликува од облакот, а ја карактеризира тоа што е многу поблиску до тлото. Маглата може да се подели во три категории:

-слаба, со хоризонтална видливост помала од 1000 метри;

-умерена, со хоризонтална видливост помала од 500 метри;

-силна, со хоризонтална видливост помала од 50 метри.

Дали маглата е опасна?

Иако се состои од кондензирана водена пареа која на изглед не е опасна, маглата може да има различни негативни влијанија на луѓето. Покрај тоа што ги отежнува сите видови на сообраќај, значајно е влијанието на маглата на здравјето на луѓето. Тоа особено е истакнато во градовите каде што честиците на маглата се мешаат со различни видови на загадување, од издувните гасови од возилата до фабричките испарувања и така настанува смог, чие име е настанато во комбинација на англиските зборови smoke (дим) и fog (magla).

Како маглата влијае на здравјето на луѓето?

Маглата пред се го отежнува дишењето и ги оптеретува дишните органи. Големата концентрација на аерозагадувања кои се наоѓаат во неа особено негативно влијаат на луѓето кои патат од некоја хронична болест на дишните органи, како што се астма или бронхитис. Многу е важно тие луѓе да го пратат степенот на загаденост на воздухот во тек на најкритичните месеци и да избегнуваат излегување кога тој степен е над нормалните граници. Загрозени се и луѓето со срцеви заболувања, но и луѓето кои се склони кон психички заболувања, особено депресија.

Дали смеам да излегувам на магла ако сум трудна?

Додека сте трудни, морате да се грижите како за своето, така и за здравјето на бебето кое е во вашиот стомак. Се што вие ќе вдишете, изедете или испиете, ќе стигне до бебето. Високиот степен на загаденост на воздухот во магла може да му наштети на вашето здравје, но и на здравјето на вашето бебе.

Изложеноста на загадувањето во воздухот во пренаталниот период влијае на развојот на мозокот, а некои научници тврдат дека загадувањето го зголемува ризикот за појавата на аутизам кај децата. Исто така, интензивното изложување на трудницата на загаден воздух може да влијае на честа појава на здравствени проблеми кај бебето, како гојазност, хиперактивност и др.

Дали смеам да шетам со бебето кога има магла?

Доколку живеете во град, маглата не е најпогодно време за прошетка со бебе или со дете. Високото ниво на загадување на воздухот не може на ниту еден начин поволно да влијае на бебето. Подобро е да почекате маглата да исчезне, а дотогаш пронајдете некоја забава по дома. Особено обратете внимание на тоа да не излегувате на магла доколку вашето дете е склоно кон респираторни проблеми или има некоја хронична болест на дишните органи, како астма или бронхитис. Во тој случај, задолжително посоветувајте се со педијатар за тоа како да се однесувате. Поради маглата кај луѓето кои имаат хронични заболувања може да дојде до влошување на ситуацијата, а кај здравите луѓе можат да се очекуваат инфекции пропратени со долготрајна кашлица.

Од друга страна, ако живеете во опкружување каде што нема многу аерозагадувачи, не сте во толку голема опасност како луѓето од градовите, но не смеете ни премногу да се опуштите. Во селата луѓето најчесто се греат на јаглен или дрва, па загадувањето и димот на тој начин доспеваат во атмосферата.

Како да го облечам бебето?

Прошетката со бебе додека надвор има магла треба да ја избегнувате. Меѓутоа ако веќе морате да излезете, потрудете се престојот на воздух да го сведете на минимум. Децата треба да ги облечете исто како што ги облекувате и кога нема магла, евентуално можете да ставите еден слој облека преку носот и устата на бебето или да користите зимска заштита за количка.

Оставете коментар