Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дали намалената активност на бебето во стомакот значи дека нешто не е во ред?

Дали намалената активност на бебето во стомакот значи дека нешто не е во ред?

Просечниот број на бебешките движења кој може да го почувствувате во текот на денот е помеѓу 15 и 20. Тоа ги вклучува апсолутно сите движења на бебето кои трудницата може да ги почувствува. Оваа бројка може да ви помогне да знаете колку во просек бебињата се движат, но не заборавајте дека секое бебе е приказна за себе. Некои бебиња буквално го преспиваат целиот ден во текот на вашата активност и почнуваат со движења дури кога вие ќе сакате да заспиете. Други бебиња се толку активни, што нивните мајки имаат чувство дека никогаш не се смируваат.

Намалената активност на бебето во стомакот не значи секогаш дека нешто не е во ред, меѓутоа може да укаже и на фетален дистрес предизвикан од намалени хранливи материи кои доаѓаат до бебето или намален кислород кој му е потребен на бебето.

Прегледот на мајката и бебето секако ќе помогне да дознаете дали постои и која е причината за бебешките поретки движења. Ултразвукот овозможува контрола на протокот на крвта низ плацентата, општата состојба на плодот како и реакцијата на бебето на дразби.

Некогаш може да се случи лекарот да увиди неправилности и објективни причини поради намалената активност и во тој случај трудницата се договара со лекарот за понатамошните чекори.

Оставете коментар