Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дали шестмесечното бебе разбира иако не зборува?

Дали шестмесечното бебе разбира иако не зборува?

Спрема последните истражувања, децата почнуваат да ги разбираат родителите веќе во тек на периодот од шест месеци.

Професорката Елика Бергелсон од Универзитетот Дјук, раководител на ова истражување, вели дека бебињата разбираат и повеќе.

Како би ја тестирале вештината за разбирање на зборовите кај група на бебиња, научниците ги снимале нивните реакции во текот на покажување на компјутерски фотографии со изговарање на називи на зададени објекти.

Воочиле дека децата кои биле на старост од шест до девет месеци, со очите го барале автомобилот, ногата или јаболкото по екранот, откако им биле поставени прашања како: “Каде е автомобилот? Ногата? Јаболкото?”

Бергелсон смета дека шестмесечно бебе го разбира речиси целиот вокабулар со кој родителите му се обраќаат.

На родителите им порачува да разговараат со своите деца затоа што бебињата ќе разберат се што ќе им кажат, а на поголема возраст ќе имаат подобри јазични вештини.

“Нема да можат да одговорат вербално, но ќе разберат, а што повеќе сфаќаат, градат знаење за во иднина”, истакнува Бергелсон.

Оставете коментар
Close