Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дали смеете да јадете јагоди во текот на бременоста и кога доите

Дали смеете да јадете јагоди во текот на бременоста и кога доите

Во тек е сезоната на најслаткото овошје. Дознајте дали да јадете јагоди ако сте бремени или доите?

Има многу заблуди за исхраната за бремени жени, а потоа и за мајките што дојат. Еден од нив е поврзан, за на многу омиленото овошје, а тоа се јагодите.

Да ви дадеме одговор на прашањето: Да, смеете и треба да јадете јагоди за време на бременоста и доењето на вашето бебе.

Покрај тоа што се вкусни јагодите се и здрави.

Јагодите се богати со фолна киселина, а знаеме дека фолна киселина како синтетичка форма на фолати се препорачува кај сите бремени жени. Јагоди, портокали и зелен лиснат зеленчук од сите видови храна содржат најмногу фолна киселина. Еден оброк од јагоди обезбедува 20 проценти од препорачаните дневни потреби од фолати.

Исто така,  содржината на антиоксиданси во јагодите се седум пати повисоки од кај јаболката и бананите и два пати поголеми отколку во портокалите или грозјето.

Јагодите се богати со витамин Ц, кој секогаш е подобро да се земе од храната отколку во синтетичка форма.

Така, јагодите ќе ви помогнат да го сочувате здравјето, да го зајакнете имунолошкиот систем, да внесувате повеќе фолати покрај фолната киселина и штета е да се откажете од јагодите за време на бременост и доење.

Што е со алергиите на  јагоди?

Причината зошто голем број на бремени жени и доилки се одрекуваат од јагодите се можна алергија на ова овошје што всушност може да доведе до многу изразени алергиски реакции.

Сепак, вреди да се напомене дека конзумирајки храна во текот на бременоста и за време на доењето, ние го навикнуваме организмот на  бебето да се подготви за храна, која подоцна ќе ја јаде.

Преку млекото само одредени состојки од храната се пренесуваат на бебето, така што дури и во случај да се случи алергија, вашето бебе ќе реагира во блага форма и ќе биде сигнал да бидете крајно внимателни при воведување на јагоди во исхраната на бебето.

Значи, не ускратувајте си ги себеси и на вашето бебе сите бенефиции од јагодите, а исфрлете ги од исхраната само ако бебето покаже дека му пречат.

Оставете коментар