Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дали успивањето на бебето во раце е добра или лоша навика?

Дали успивањето на бебето во раце е добра или лоша навика?

Иако голем број на стручни лица ги предупредуваат родителите да не ги заспиваат своите бебиња во раце поради тоа што подоцна нема да можат да ги одвикнат од таа навика, кога се работи за бебиња помали од 4 месеци нема ништо лошо во тоа.

Едно предупредување кое голем број од родителите го слушаат многу често е дека бебињата не треба да се успиваат во раце затоа што така ќе се навикнат и веќе нема да можат да ги успијат на друг начин. Но, кога се работи за мали бебиња нема ништо лошо во тоа.

“Бебињата помали од 4 месеци треба да ги држите на начин кој им е потребен, како би можеле да ги успиете”, вели Сатија Нарисет, професорка на одделението за педијатрија на Универзитетот Рутгерс. Сепак, секогаш ставете го бебето на неговиот грб во креветчето откако ќе заспие. Тоа е најсигурниот начин.

“По три или четири месеци, кога бебето ќе развие редовни навики за спиење и ќе биде способно да преспие поголем дел од ноќта, проценете дали успивањето во раце сеуште е најдобриот начин за заспивање”, вели Нарисет.

“Секое дете и секое семејство се различни”. Но веројатно би сакале да се решите од овие навики пред бебето да почне да оди.

“За нивниот развој важно е децата да можат да спијат и да се смират сами”, вели таа. Кога детето ќе се разбуди во текот на ноќта и повторно самото ќе заспие без плач и ваша помош, претставува вештина која подоцна ќе биде и повеќе од практична. И без грижи и тоа ќе се случи.

Тренирањето за спиење, односно поттикнувањето на детето како би створило редовни навики за спиење вклучува ставање на детето во креветче додека сеуште е будно и допуштање самото да се успие. Професорката, која и самата е мајка, обожавателка е на Ферберовата метода, во која родителите ги тешат децата во текот на ноќта, но ги задржуваат во креветчето, развивајќи на тој начин самосмирување. Воспоставувањето на рутина во спиењето, на пример, купка, па книга, па кревет, исто така поттикнува добар и квалитетен сон.

Ако сакате да го испробате тренирањето за спиење, најнапред обратете се кај лекар како би сте биле сигурни дека нема никакви медицински препреки, како рефлукс, кој може да му пречи на детето.

“Постојат моменти во кои родителите может да ги утешат децата во текот на ноќта. На пример, ако имаат лош сон или слично, но главно, верувам дека децата би требало самите да се успиваат”, вели професорката.

 

Оставете коментар