Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

Дали знаете преку која храна децата јадат најмногу шеќер?

Дали знаете преку која храна децата јадат најмногу шеќер?

За деца на возраст од четири до шест години се препорачува до пет лажички шеќер дневно, но деца до шест години во просек јадат 75 грама шеќер дневно, или 19 лажички!

 

Децата до шест години јадат просечно 75 грама шеќер на ден, што е еквивалентно на 19 лажички, според истражувањето спроведено во Велика Британија. Ова е четири пати поголемо од дозволената препорачана количина од 19 грама. Во изворот на шеќер доминираат овошни сокови, а нивните родители не обрнуваат внимание на количината на шеќер.

Лекарите велат дека купечките овошни сокови се штетни како и газираните. Би било идеално за децата да правите сокови од свежо овошје и зеленчук, лимонада со мед или да се навикнат на вода за пиење. Имено, многу деца учени се кога се жедни, да посегнат по соковите.

 

Ова е храна од која децата внесуваат најмногу шеќер - во проценти на ден

газирани пијалаци и овошни пијалаци - 24,8 отсто

овошни сокови / смути- 15,4 отсто

бисквити, колачи и печива - 8,1 отсто

овошен јогурт и десерти со сирење- 6,9 отсто

бомбони 5,1 отсто

чоколади 4,8 отсто

чоколадни бисквити - 3,2 проценти,

желе, овошен сладолед - 3,2 проценти

млеко со вкусови - 3,1 отсто сладолед,

саладолед, замрзнати десерти - 3.1

слатки преливи,џем, мед - 3,1 отсто

житарици - 2,7 отсто

Други колачиња - 2,6 отсто

Други храна (секоја помалку од 2 проценти) - 12,3 отсто

Газираните сокови ја стимулираат хиперактивноста

Пејамен Адаб, професор по јавно здравство на Универзитетот во Бирмингем, вели дека е погрешно да се верува дека купечките сокови се добри за децата само затоа што содржат малку овошје. Количината на шеќер што децата денес  ја јадат лошо влијае врз нивното здравје. Адаб предупредува дека кога ќе пораснат, можеби имаат поголем ризик да добијат сериозна болест, како што се рак или срцеви заболувања.

За деца стари четири до шест години, се препорачува до пет кафени лажички шеќер дневно (19 грама). За споредба - Кока-Кола лименка содржи 35 грама шеќер, пишува Daily Mail.

Оставете коментар