Немате ставки во вашата кошничка.
Close
Пребарување
Filters
Swisslion Kadino

ДАВАЊЕ НА КРАВЈО МЛЕКО НА БЕБЕТО

ДАВАЊЕ НА КРАВЈО МЛЕКО НА БЕБЕТО

Раното воведување на кравјото млеко може да ја потикне алергијата, кај бебиња кои се склони кон неа.

Белковини во кравјото млеко

Преку кравјото млеко може да се внесе поголема количина на натриум, калиум и белковини. Молекулите на белковините во кравјото млеко се големи, и може да поминат несварени низ цревата при што може да направат крварење кое не е видливо со голо око. Таквото крварење со по некое време може да доведе до намалување на железото и анемија.

Железо

Железото во кравјото млеко го има во многу мали количини и бебето не може да го искористи.

Линолеинска киселина

На бебето му е скратено и внесувањето на линолеинската киселина и витамин Е. Намалувањето на линолеинската киселина може да предизвика и екцем, пролив и зголемено воспалување од пелените .

Протеини

Кравјото млеко содржи многу повеќе протеини од мајчиното млеко што може да ги оптерети бубрезите и може да доведе до дехидрација. Ако го разблажите, се внесува поголема количина на храна, но се создава подлога за инфекции и послаб имунолошки систем.  Содржи и двојно поголема количина на протеинот казеин кој долго време се вари и создава зарвор. Протеините во адаптираното млеко се изменети за да бидат лесни за варење, а количината е иста како кај мајчиното млеко. За да се обезбедат масните киселини и да се поправи варењето на ова млеко, млечната маст е заменета со растителна маст.

Јогурт

После наполнети седум месеци во исхраната можете да додадете и јогурт. Поред јогуртот може да го додадете и сирењето. Јогуртот е богат со калциум и има активни бартерии кои дигестивниот систем на бебето може да ги искористи. Одличен избор е полномасниот јогурт, за бебето да може да внесе масти.

Сирење

Кога ќе го воведете сирењето, треба да почнете со крем сирењето и моцарелата, сирењата со благ вкус, а кога детето ќе се навикне на вкусот може да воведете гауда, емемталер и пармезан.

Лактоза

Бебињата кои се интолерантни на лактоза можат без проблем да го варат огуртот. Врстата на лактоза во кравјото млеко не е во состојба да направи во цревата на бебето чиста култура на корисни бартерии, па затоа штетните бактерии може слободно да се размножуваат. Во лактозата се наоѓа и галактоза, која е потребна за да се направи мијелинска обвивка околу нервите, но ја нема доволно во кравјото млеко.

После првиот роденден, почнете на детето да му воведувате кравјо млеко. Давајте му исклучиво полномасно млеко, затоа што на бебето му е потребна восока содржина на есенцијални масни киселини, кои му се потребни за неговото растење и развојот на мозокот. До втората година потребно е полномасно млеко а потоа може и млеко со 2,8% млечни масти.

Некои деца тешко го прифаќаат воведувањето на кравјото млеко. Пробајте во почеток да им давате 1/3 каравјо млеко со 2/3 адаптирано или мајчино млеко. Со текот на време зголемувајте ја количината на кравјото млеко. Пробајте да го мешате со пире од зеленчук. Ако детето продолжи да го одбива дајте му го во сутлијаш, пудинг  или гриз.

Во втората година потребна дневна доза е 500-700мл полномасно млеко. Повеќе од оваа количина не е потребно, за да не се смали внесот на другите хранливи производи.

Кравјото млеко е многу поразлично од мајчиното и адаптираното млеко, а бидејќи здравјето на детето ни е на прво место затоа треба да се почека додека детето не наполни една година.

Оставете коментар
Close